Ставете розов кармин, држете растојание: Како лесно се заведува маж?
Британските психолози составија листа за заведување, која ќе го скроти срцето дури и на најнедостапниот маж.
1. Насмевка
Сакате момчето лудо да се заљуби во вас? Подарете му насмевка – најмалку 35 пати во еден час. Оваа бројка ја именуваше британскиот психолог, кој верува дека искрената насмевка е поефикасно оружје од, на пример, долгите нозе.
2. Држете растојание
Бидете непристапни, но во умерени количини. Немојте премногу да се трудите и да преземате иницијатива. Иако мажите се посилниот пол, истрајноста на жените ги плаши.
3. Изберете кармин во вистинска боја
Првиот впечаток е многу важен, а мажите ги освојува кармин во корална или розова боја.
4. Вистински парфем
Одберете парфем кој ќе го нагласи вашиот природен мирис на телото. Од големо значење е мажот да почувствува дека занесно мирисате. Не се задолжителни скапите парфеми, туку оние кои најдобро ви прилегаат на кожата.
5. Погледнете го во очи
Страствениот контакт лице в лице, прави срцето на мажот побрзо да чука. Според статистичките податоци, оние парови кои не се плашеле да се погледнат еден со друг во очи на првиот состанок, имале отворен однос и долги врски.
М. А. | Црнобело