11 погрешни причини заради кои им се враќате на бившите
Голем дел од луѓето, од различни причини, решаваат дека е подобро да ја обноват старата врска, наместо да почнат нова.
Во некои случаи можеби е оправдано, но доколку наведувате барем една од овие 11 причини, дефинитивно правите грешка.
„Овојпат сè ќе биде различно“
Светот се менува, па сигурно и тој се променил. Но, веројатно на полошо. Истражувањата покажуваат дека откако партнерите еднаш ќе раскинат, па ќе се смират, потоа повеќе се фокусираат на негативните аспекти во врската, отколку на позитивните моменти. Па, така шансите за успех на врската по вторпат, се помали.
„Комплетно е променет/а“
Луѓето не се менуваат. Барем не без лично тие да сакаат. За да се одвикнете од некоја негативна навика потребно е многу време, мотивација и работа на себе.
„Никој не ме знае подобро од него/неа“
Во право сте. Сте поминале многу заедно. Но, тоа не беше превенција за раскинувањето. Тогаш зошто би било причина за повторно спојување?
„Сите слободни се глупави, нема да најдам подобар/ра од него/неа“
Комфорот е секогаш попримамлив и тоа е факт. Но, во комфорната зона нема напредок.
„Можеби не е совршен/а, но барем е мој/а.“
Човечкиот мозок е многу почувствителен кога ќе загуби нешто, отколку кога ќе добие. Исто е и во врската. Тогаш запрашајте се дали е подобро да живеете до крајот на животот среќни и задоволни, со квалитетен партнер, или на моменти мизерно само затоа што „некој е ваш“.
„Немам време тек сега да одам на состаноци“
Запознавањето на нови лица ви отвора нови шанси и видици. Не си ја скратувајте шансата кога ја имате.
„Сега за сега сме пријатели, па ќе видиме како ќе оди“
Прво и основно правило: пријателството помеѓу двајца бивши партнери има низок квалитет. Едноставно, таму повеќе нема доверба.
„Бевме на вечера, испивме малку повеќе и завршивме заедно“
Тоа што сте се „смириле“ на една вечер, во темница и под дејство на алкохол не значи дека ќе изградите квалитетна врска од почеток. Исто така, внимавајте овие повремени авантури да не ви станат навика.
„Никој не е совршен“
Но, вие сте раскинале бидејќи сте биле далеку од совршеноста. Едноставно, не сте биле еден за друг. Не барајте изговори.
„Не ме остава на мира“
Јавувањето и постојаното пишување не значи љубов. Едноставно, се работи за навика.
„Можеби претерувам“
Анализирањето на вашата одлука е најлошото нешто што можете да го направите. Доколку сте раскинале за работи како различни гледишта на иднината, неверство или емотивно контролирање, па дури и злоупотребување, не си трошете време да правите анализи.
М. Д. | Црнобело