Кој почесто глуми оргазам - жените во брак или во тазе врска?
Верувале или не, за глумата е најчесто заслужен статусот на врската.
Истражувањата покажуваат дека дури 68 проценти од припадничките на понежниот пол глумат оргазам одвреме-навреме, а тоа најчесто го прават за да не се чувствува лошо личноста со која имале односи.
Најновите истражувања, пак, откриваат и кога жените се најсклони кон глума.
Според нив, дури 60 проценти од жените кои глумат оргазам, истакнале дека тоа го прават на почетокот од врската, сакајќи да остават впечаток дека сексот со новиот партнер им е супер, дури и ако не е можеби така.
Глумата им доаѓа како природно решение и кога веќе долго се во врска, а не сакаат да ја повредат другата страна.
Наспроти тоа, глумењето оргазам е многу поретка појава кога е сексот за една ноќ во прашање. Во таквите случаи, жените едноставно имаат помала потреба да ја „заштитат“ личноста со која се во кревет.
Зачестеноста на глумењето оргазам е помала кај жените во брак – „само“ 40 проценти од нив велат дека го глумат после стапувањето во брак. По сè изгледа, тогаш им е полесно да кажат дека сексуалниот однос можел да биде подобар.
М. А. | Црнобело