Како несигурностите околу физичкиот изглед го уништуваат добриот сексуален живот?

Да признаеме, ретко која личност денеска е целосно задоволна од сопствениот физички изглед. Се ицрпуваме со диети, режими на исхрана и читање деларации и калориски таблички на прехранбените продукти.

Kako-nesigurnostite-okolu-fizickiot-izgled-go-unistuvaat-dobriot-seksualen-zivot-01.jpg

Некои решаваат да вежбаат до изнемоштување, а други пак ги испробале сите можни начини кои им биле предложени да го доведат телото во ред. Несигурностите околу физичкиот изглед повлекуваат прилично многу проблеми, особено оние кои го нарушуваат сексуалното задоволство.

Да потенцираме дека не секогаш проблемите потекнуваат поради крупната фигура. И оние слабичките се борат подеднакво со фрустрациите кога станува збор за сопствената слика во огледалото.

Не секогаш тежината претставува главен проблем. Некои се борат со несигурностите поврзани со акни, кожени заболувања, зголемена влакнавост или опаѓањето на косата... и сето ова влијае на самодовербата и сопствената реакција во секојдневните ситуации.

Па девојки, жени, момци и мажи, време е да почнете да си го сакате сопственото тело и да се гордеете со него. Тоа е единствениот храм кој ви припаѓа до крајот на животот. Водете грижа за него, но без претерување. Работете на негово подобрување само доколку имате желба, а во меѓувреме започнете да уживате малку повеќе во животот и под чаршафите.

Ова се мислите кои најчесто им поминуваат на мажите и жените кога се работи за нивниот физички изглед, а кои ја спласнуваат атмосферата во спалната соба:

Тешко ми е да поверувам дека партнерот мисли дека сум убав/а.

Уште потешко ми е да поверувам дека некој мисли дека сум секси.

Се срамам од моите гради/задник/стомак/нос.

Најголем кошмар ми е да имам секс со запалено светло.

Се вовлекувам во креветот со долната облека на себе и ја соблекувам под покривачот, бидејќи немам друг избор.

Се грозам кога го гледам одразот на моето голо тело во огледало дури и кога сум сам/а.

Се плашам дека заземам многу простор во креветот, всушност заземам повеќе од половина простор.

Кога партнерот ќе допре одреден дел од моето тело кој го мразам, се потресувам и го губам чувството на задоволство.

Живеам со стравот дека партнерот/партнерката ќе ме остави или замени за некој друг/а со поубаво тело.

Никогаш нема шанси да парадирам гол/а пред мојот партнер/ка.

Се пронајдовте во неколку? Доколку одговоривте потврдно, време е да започнете да ја менувате сопствената слика за себеси.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg