20 помалку познати знаци на емоционална злоупотреба
Лузните од менталната суровост може да бидат подеднакво длабоки и трајни како раните од удари, но често тие не се лесно забележливи.
Едно истражување покажало дека половина од жените кои биле жртви на семејно насилство, изјавиле дека емоционалната злоупотреба била таа која ги „болела“ многу повеќе.
Токму затоа емоционалната злоупотреба е нешто кое веднаш треба да се препознае и да се реагира.
Ова се знаците по кои ќе ја препознаете:
1. Кога партнерот е несреќен секогаш вие сте причината за тоа.
2. Станува нервозен доколку не се јавите кога ве бара или не одговарате веднаш на неговите пораки.
3. Ги споделува вашите тајни, приватни моменти, стравови, несигурности, па дури и сексуални искуства со другите.
4. Прави вашите достигнувања да изгледаат мали и неважни. Ако имате кариера, за него таа е повеќе хоби отколку работа.
5. Секогаш тврди дека знае што е најдобро за вас, и прави притисок тој да биде оној кој ќе донесува одлуки во ваше име.
6. Ве обвинува за работи кои не сте ги направиле.
7. Ви наметнува „сугестии“ за кои немате избор освен да ги прифатите, бидејќи се плашите што ќе се случи подоцна ако не го направите тоа.
8. На сите можни начини се обидува да ви покаже дека е на некој начин над вас. Ве тера да се чувствувате среќно што го имате покрај себе, правејќи да верувате дека дури и не го заслужувате.
9. Бара да биде вклучен во сите ваши планови.
10. Се лути кога се шегувате со него, дури и насамо.
11. Секогаш тој е во право, а вие не. Не постои такво нешто како компромис.
12. Ве нарекува со погрдни имиња и ве навредува.
13. Ве казнува со воздржување од секс, внимание, па дури и разговор.
14. Ве критикува во јавност, на начин кој сите може да го забележат - со превртување на очите или неодобрувачки поглед.
15. Кога се обидувате да ги изразите вашите чувства, ве прекорува дека сте премногу чувствителни.
16. Постојано ве потсетува на грешките кои сте ги направиле во минатото.
17. Ви забранува да се гледате со некои пријатели или членови на семејството.
18. Ги омаловажува вашите соништа и идеи, убедувајќи ве дека тие се недостижни, па дури и глупави.
19. Има целосна контрола над финансиите. Често ве прашува каде сте ги потрошиле парите, па дури и ве прекорува дека премногу трошите на неважни работи.
20. Секогаш мора да знае каде сте и со кого. Понекогаш дури и го проверува тоа.
М. С. | Црнобело