10 знаци дека вашето момче сака да ја прекине врската

Во динамичниот свет во кој живееме, да се пронајде вистинска љубов и да се задржи истата, изгледа речиси невозможно. Затоа, кога ќе најдете момче и кога се чувствувате сакано, пробувате да го задржите тоа чувство колку што е можно подолго. 

10-znaci-deka-vasheto-momce-saka-da-ja-prekine-vrskata-001.jpg

Љубовта е компромис, доверба и желба да градите заедничка иднина. Не сите врски имаат среќен крај.

Колку и да е тешко да согледате дека на вашиот партнер не сте му доволни или дека не сте вљубени со иста мера еден во друг, понекогаш некои знаци едноставно го издаваат:

1. Кавгите се зачестија

Иако кавгите се нормална појава во секоја врска, лошо е кога ќе почнеш да се чувствуваш како да газиш на јајца. Караниците прават тензија во врската и тој може да ги користи за да се дистанцира од врската.

2. Не е заинтересиран за твоето секојдневие и случувањата во твојот живот

Не значи дека треба да те прашува за секој детаљ, но ако почнеш да се чувствуваш како да не е заинтересиран воопшто за случувањата во твојот живот или неговата заинтересираност едноставно згасна, тогаш и неговата љубов можеби згаснува исто така.

3. Не пробува да те вклучи во активностите што ги прави со неговите пријатели

Иако е здраво да имате пријатели со кои ќе се дружите одделно, ако неговото друштво е цел еден посебен свет до кој никако не можеш да стигнеш и тој цело време планира активности со нив, во кои не се ни труди да те вклучи, време е да размислиш колку е заинтересиран да бидеш дел од неговиот живот.

4. Има изговори за да поминува помалку време со тебе

Цело време е изморен или зафатен. Ако сака да најде време за тебе - ќе најде, ако не сака да биде со тебе - ќе бара изговори.

5. Наеднаш почна да излегува многу почесто отколку порано

Ако секогаш преферира да оди по клубови и да шета наместо да поминува квалитетно време со тебе, тогаш животот без тебе му е дефинитивно поинтересен.

6. Секогаш успева да ја префрли вината врз тебе

За секоја грешка што ја направил и те повредила, тој секогаш има добро измислен одговор и наеднаш ти се наоѓаш на обвинетата страна. Никогаш не се извинува за своите грешки и не признава дека не бил во право.

7. Ти ја руши самодовербата

Можеш да бидеш најубавата и најинтелигентната жена на светот, но со него се чувствуваш како никогаш да не си доволно добра. Не го добиваш вниманието што го заслужуваш и си параноична дека секој ден може да најде некоја подобра.

8. Го фаќаш во лаги

Те лаже каде бил излезен за викендот, па дури и кога имаш цврсти докази, продолжува со лагите. Ако те лаже упорно за работи што се важни во врската, не треба да се задоволуваш да бидеш во таква врска.

9. Не си му приоритет

Се чувствуваш како да нема место за тебе во неговиот живот. Што е поентата на тоа да бидеш во врска, ако не можеш да се потпреш на него во тешките моменти?

10. Постојано е исфрустриран и изгледа како да му е досадно со тебе

Секогаш кога сте излезени заедно, тој изгледа како да му е здодевно и прави да се чувствуваш како да го тераш со сила да правите работи заедно. Не е добро расположен и може да направи кавга и од најмалата ситница, затоа што не му е гајле како се чувствуваш поради тоа.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg