Зошто не е добра идеја да му се вратите на бившиот?

Љубовта е најсилната емоција што може да ја почувствуваме, а нејзинот прекин, односно разделбата од личноста која ја сакате, со сигурност претставува еден од најголемите стресови кои може да ги доживеете, тврдат научниците.

zoshto-ne-e-dobra-ideja-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-001.jpg

Ако се работи за расправија, нормално дека се потребни обиди да ја средите ситуацијата, но ако прекинот на врската е конечен и апсолутен – тргнете напред, а не назад.

Во тешките мигови, пак, присетете се кој ја иницирал разделбата и добро размислете дали ви се исплати да ја обновите врската.

zoshto-ne-e-dobra-ideja-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-2.jpg

Ова се некои од причините, кои ќе ви помогнат да останете истрајни во вашата одлука:

Сте прекинале поради конкретна и добра причина

Без оглед на тоа дали станувало збор за страв од обврски, неверство или нешто сосема трето, постои добра причина зошто не сте повеќе заедно. А, причината поради која го сакате назад во својот живот, пак, е бидејќи ви недостига. За жал, по раскинувањето, секогаш се присетуваме само на убавите и среќни моменти, а забораваме на оние лошите, кои не оставиле со горчлив вкус во устата. Само потсетете се зошто сте прекинале и продолжете понатаму.

zoshto-ne-e-dobra-ideja-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-3.jpg

Тој нема да се промени

Ако сте ги имале истите несогласувања и разлики и пред раскинувањето, тие нема да се променат ни сега. Секако, луѓето се менуваат, но доколку партнерот имал доволно време за прилагодба, а ја одбил – готово е. Можно е и најмали ситници да го нарушувале ритамот на вашата врска, но како и да е, работите останале непроменети, па затоа сте прекинале.

zoshto-ne-e-dobra-ideja-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-4.png

Ќе го преболите – порано или подоцна

Само затоа што сте осамени, не значи и дека треба да се вратите во дисфункционална врска. Се разбира, сега ви е лошо, но нештата ќе се подобрат. Помалку или повеќе, сите луѓе прошле низ ваква ситуација. И преживеале.

zoshto-ne-e-dobra-ideja-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg