5-те најчести сексуални фантазии
Доколку мислите дека само вие имате перверзни сексуални фантазии, не сте во право.
Истражувањата покажуваат дека сексуалните фантазии се сосема нормална работа за двата пола.
Едно истражување покажало дека фантазиите најчесто вклучуваат однос на романтично место, секс со некој кој не е ваш партнер и желба да бидете подредени. Дури потоа следуваат сексот во јавност, во тројка и садо-мазо егзибиции.
Доколку не сте сигурни какви се вашите сексуални фантазии, стручните лица советуваат да се потсетите на вашето најдобро сексуално искуство или на книга или филм кои ви се допаднале. Да се фантазира за нешто не значи дека истото и ќе се направи.
Ова се само неколку од најчестите сексуални фантазии:
1. Секс во јавност
Истражувањата покажуваат дека дури 62 % од луѓето фантазираат за секс во јавност. Самиот ризик дека ќе бидете фатени само ја зголемува возбудата.
2. Потчинетост
На второ место се наоѓа потребата да бидете потчинети. Поради преголемите одговорности и донесувањето многу одлуки во текот на денот понекогаш едноставно посакуваме некој друг да одлучува.
3. Повозрасен партнер
Голем е бројот на луѓе кои сексуално ги возбудуваат годините, поради животното искуство и мудроста која ја носат. Желбата за постар партнер е неверојатно честа и ја отсликува потребата некој да не води.
4. Брутален секс
Овие сексуални фантазии се застапени и кај двата пола, а се верува дека секоја трета личност се возбудува на вакво нешто. Секако дека овој број би бил поголем доколку не постои автоцензура на сопствените мисли.
5. Групен секс
Само една третина од паровите заинтересирани за „тројка“, својата желба ја спроведуваат во дело. Останатите или остануваат на ниво на желба или ја остваруваат преку веб камери.
М. С. | Црнобело