Како врската со долгогодишниот партнер да стане повозбудлива?
Сигурно го паметите она чувство на првата фаза на вљубување. Не можете да заспиете, чувствувате пеперутки во стомакот, едвај чекате да го слушнете гласот на партнерот. Но, со текот на времето сите тие знаци дека сте „пијани од љубов“ исчезнуваат.
Според психотерапевтот Дебора Сандела, оваа состојба на намалување на интензитетот на чувствата е од причина што партнерите почнуваат да се чувствуваат емотивно сигурни еден покрај друг.
Добрата вест е дека секогаш постои начин како да се негуваат емоциите со интензитет како во првата фаза на вљубување.
Во продолжение прочитајте неколку начини на однесување кои ќе ја зачинат вашата врска и ќе направат да се чувствувате како на првиот состанок.
Направете романтична атмосфера
Навистина е прекрасно чувството кога знаете дека вашиот партнер сѐ уште наоѓа начин да ве изненади со ситниците кои ви значат. Иако романтична атмосфера со свеќи и пријатна музика делува како клише, сепак релаксирачкиот амбиент е секогаш одличен избор за разгорување на страста.
Изглумете прв состанок
За ова дефинитивно ќе треба да се посветите малку повеќе. Испланирајте состанок во некој локал во кој и двајцата ќе се чувствувате пријатно. Запознајте се одново, бидете љубопитни и кажувајте си ги работите што ги сакате.
Во тој момент ќе почувствувате привлечност, која некако се изгубила низ времето поминато заедно.
Отпатувајте надвор од градот
Новото окружување секако ќе разбуди поинаква емоција. Доколку имате деца, одвојувањето на ден-два од нив, може навистина да ве зближи со партнерот на едно поинакво ниво.
За момент ќе се почувствувате слободни, енергични и ќе имате време да се присетите на првата фаза од врската. Дополнителен совет за девојките: зачинете го патувањето со нова секси долна облека.
С. У. | Црнобело