Машки водич за брак

Факт е дека многу нешта ќе се сменат откако ќе затанете пред олтар и ќе кажете ДА.

Maski-vodic-za-brak-20-brutalni-vistini-za-toa-sto-znaci-da-se-bide-soprug-01

Сепак, не плашете се, повеќето од нештата ќе се сменат на подобро.

Па, ако се подготвувате да ја запросите вашата девојка, имајте ги на ум следниве работи:

1. Ќе зборувате за измет многу повеќе отколку што очекувавте

Штом добиете бебе или ќе вдомите милениче, ќе ви стане многу појасно за што зборуваме.

2. Дури и најсилните врски може да попуштат под влијание на парите

Кој заработува повеќе, кој помалку. Особено ако вие како машко заработувате помалку, големи се шансите да се чувствувате лошо.

3. Колку и вашата жена да е совршена, сега веќе забележувате маани

Тоа можеби се ситници, но факт е дека за истите претходно сте биле целосно слепи.

4. Вашата сопруга ќе бара да ѝ ги масирате стапалата

Иако немала такви барања додека сте биле во врска, сега бидете подготвени на ова.

5. Ќе научите да готвите

Кога-тогаш ќе дојде време кога ќе морате да се научите да снаоѓате во кујна.

6. Ако тоа е можно, ќе готвите заедно

Ќе се навикнете на тоа заеднично надополнување во кујната и ќе сфатите дека сте одличен пар.

7. Не е целата нејзина долна облека секси, но никако не ѝ го кажувајте тоа

Секако има навистина секси парчиња но и парчиња за „оние денови“ за кои не би сакала да ја критикувате.

8. Истото важи и за пижамите

9. Тоа што имате помалку секс во 50% од случаите е ваша вина

Ќе имате многу помалку секс, особено откако ќе добиете дете, но сето тоа ќе биде по ваша вина. Затоа не навалувајте и обидете се да ја заведете како некогаш.

10. По раѓањето на детето, нејзините гради веќе не се само ваши

11. Да се биде во брак е подобро од тоа да се биде сам

Верувајте вашиот самотнички живот не е толку возбудлив како што мислите. Поголем дел од времето поминувате во кафана, пијани, сами... Излезете понекогаш со пријателите кои ви се сами и ќе сфатите за што зборуваме.

12. Веројатно нема да настојува на секс колку вие

Бидејќи, знаете, таа има еден куп обврски низ домот, плус децата, плус работа... Па, ако помогнете околу тоа, бидете сигурни дека ќе „добиете повеќе“.

13. Нема да ѝ се допаѓаат некои ваши пријатели

Не ни помислувајте да ги браните вашите другари кои не ѝ се допаѓаат. Така само ќе ги влошите нештата.

14. Нема да ѝ се допаѓаат ниту сите ваши другарки

Ќе биде љубоморна на вашите стари другарки, а новите ќе мораат да поминат неколку кругови на прифаќање.

15. Нема да имате исти ставови за родителството

Штом ќе добиете дете ќе сфатите дека понекогаш ќе имате сосема различни идеи за воспитување на истото.

16. Излегувањата и пијанките веќе нема да ви бидат толку забавни

Всушност ќе сфатите дека не се забавни толку колку што ви биле кога сте биле детиште. Ќе сфатите колкава количина алкохол ви е доволна да се расположите, но не и да претерате.

17. Не сака да знае дека некоја друга жена ви е привлечна

Колку и да е силна вашата врска и љубов, кога ќе забележите некоја згодна жена, обидете се таа да не го забележи тоа.

18. Понекогаш мората да ја „избркате“ жената од дома

Потсетете ја дека ѝ е потребно слободно време за неа, за да излезе до другарките, да ужива малку сама. Преземете ги барем накратко обврските за домот и децата, способни сте барем за толку.

19. Одењето во кревет во исто време прави чуда за вашата врска

И тоа колку што е можно порано.

20. Потсетете се на што се заколнавте „оној ден“

Не постојат лоши денови или кавги кои не можат да се решат со бакнеж и кажување „те сакам“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg