3 проблеми во сексот кои ги имаат апсолутно сите парови
Проблемите во спалната соба се нормална појава, како во долгите, така и во новите врски. За среќа, како и со поголемиот дел проблеми во врските, решението е многу едноставно - во прашање е добрата комуникација.
Ова се 3 проблеми во сексот со кои се сретнуваат најголемиот дел парови:
Нечие либидо е посилно
Поголемиот дел мажи имаат послабо либидо од своите понежни половини, но тоа никогаш не би го признале. Тоа доведува до тоа некои мажи да не се чувствуваат доволно „мачо“, бидејќи не успеваат да ги задоволат потребите на своите партнерки. Од друга страна, на жените почесто им е непријатно заради посилното либидо и почесто се обидуваат да го потиснат.
Тој мисли дека сè прави како што треба
Тој во креветот дава сè од себе, но во негов „стил“, а тоа едноставно не секогаш одговара. Пред да „паднете во депресија“ сетете се дека мажот не може да ги чита мислите, па добро е почесто да прашува, а жената искрено да си кажува што ѝ треба.
Сте влегле во рутина
Јасно е дека сексот по неколку години врска не може да биде ист како на почетокот кога ги „пукате“ сите страсти и едноставно не можете да тргнете раце еден од друг. Многу парови уште на почетокот ги испробуваат сте „финти“ и сите пози и кога ќе откријат што најмногу му годи на партнерот, почнуваат да се држат до тој рецепт кој гарантира оргазам. Но, ако се вратите на експериментирањето, позитивно ќе го изненадите партнерот.
Н. Г. | Црнобело