Како да ја зголемите својата сексуална самодоверба?
Како живи човечки суштества сите ние имаме огромна желба да бидеме самоуверени кога станува збор за нашата сексуална способност.
Доколку во моментов не се чувствувате како да можете да се ставите во категоријата на луѓе кои се сексуално самоуверени, не очајувајте, научниците се секогаш тука да ни упатат некој совет плус. Во продолжение прочитајте што имаат да ни предложат тие.
Направете партнерот да се чувствува посебно
Според едно истражување направено од страна на „Social Psychology“, вниманието кое го насочувате кон партнерот надвор од спалната соба, само дополнително ја разгорува страста помеѓу чаршафите. Двојките во кои поедниците чувствуваат дека партнерот е респонзивен на нивните потреби, имаат посебна меѓусебна сексуална привлечност.
Добриот секс бара многу работа
Како и за секоја работа во животот така и за сексот. Ако сакате работите да станат поинтересни работете на тоа. Дознајте кои се потребите на вашиот партнер и отворено запознавајте го со вашите. Комуникацијата е прв чекор до задоволството.
Не го сфаќате сексот премногу студиозно
За да уживате во сексуалната игра, нема потреба да магистрирате на тема секс. Во ред е да прочитате некоја идеја, да погледнете некој еротски филм за возрасни или да прочепкате низ фантазијата на партнерот, но реално нема потреба од читање на научни трудови и статии за тоа како да станете подобри во кревет.
Бидете природни и отворено разговарајте со својот партнер за вашите желби и потреби.
С. У. | Црнобело