Најважната разлика меѓу „дечкото само за секс“ и „мажот засекогаш“
„Дечкото само за секс“ изгледа симпатично, примамливо, поинаку од другите. Тој ќе биде харизматичен, ќе ве мами со своите заводливи очи и ќе ве маѓепсува со своите нежни бакнежи.
Ќе ве носи некаде надвор. И ќе ја плати сметката во ресторан. Ќе ви отвора врата и ќе ве држи за рака. Тој ќе прави сè како што треба и ќе ви ги кажува сите зборови кои сакате да ги слушнете. Ќе ви кажува дека сте посебна. Дека сте „поразлична“ од сите други жени кои досега ги запознал. И ќе му верувате. Тој ќе испреплете пајакова мрежа од лажни ветувања околу вас и ќе му верувате.
Во сè ќе поверувате. Ќе го посакувате сè повеќе и повеќе. Тој ќе направи да се чувствувате како единствена во неговиот свет и мислите. Ќе биде најдобар љубовник во креветот. Ќе ви го пружи најдобриот оргазам кој некогаш сте го имале. И ќе помислите дека конечно нешто ќе се промени во вашиот љубовен живот...
Сè додека тој не се премисли. Бидејќи сите што се само за секс се такви.
Дечкото само за секс наеднаш ќе се премисли и промени, бидејќи сè што правел досега ќе стане премногу мачно за него. А, вие нема да се промените. Туку веќе лудо ќе се заљубите. И ќе се чудите како наеднаш не сака да ве види еден ден, а следниот повторно ве примамува со своите бакнежи. Токму тогаш треба да сфатите дека тој завршил со вас.
Одеднаш, како да станал повлечен.
И ќе се прашувате, што правите погрешно?
Нема да најдете одговор на тоа прашање.
Ама тогаш ќе дојде оној кој на почетокот ќе биде повлечен. Оној за кој ќе се чудите дали е искрен. Тој ќе биде трпелив со вашето срце, нема одма страсно да ве шармира, туку полека ќе сака да дојде до вас.
Токму тоа е разликата меѓу оној само за секс и „мажот засекогаш“.
Мажот засекогаш нема да се засити. Тој никогаш нема да се умори од вашиот мирис, од вашите усни, од насмевката и целото лице. Тој ќе направи сè за да бидете еден покрај друг.
Затоа, не паѓајте уште на почетокот на нечиј шарм и не ја судете „здодевната“ книга по нејзината корица, бидејќи не знаете што се крие во неа.
И не се плашете да го искусите оној првиот, бидејќи така ќе знаете кога ќе дојде оној Вистинскиот.
Н. Г. | Црнобело