5 машки заблуди за сексот, кои ги иритираат жените
Тој се труди, а таа не приговара, бидејќи ѝ е непријатно. Вака може да опишат бројни авантури од креветот, кои завршуваат несреќно поради модерните митови што не држат вода.
Уште од тинејџерските денови, романтичните и еротските филмови им покажуваат на момците и девојките како би требало да изгледа совршеното водење љубов, а тоа се пресликува и на верувањата, но и на нереалните очекувања.
Постојат 5 машки заблуди за сексот, кои потајно ги иритираат жените:
1. Жените сакаат сексот да трае цела ноќ
Спротивно на врежаното мислење, жените ретко сакаат однос кој трае со часови. Бара физички напори и кондиција, но и поглед кон замисленото лице на мажот кој на секој начин се обидува да го одложи оргазмот, а тоа никој не сака да го гледа. Во сексот секако вклучете предигра и разменување нежности по односот, но што се однесува до самиот чин – подобро да е страстен, а покус, отколку бескраен и досаден.
2. Величината е најважна
Всушност, она што најмногу им пречи на жените кај помалку надарените мажи е недостатокот на самодоверба и чудното однесување во креветот, како и нагласувањето дека се свесни за својата скромна величина. Ни вие не би сакале жената во кревет да ви зборува за целулитот, зар не? Однесувајте се опуштено, самоуверено и секси – тоа е она што ќе ве направи добар љубовник во креветот.
3. Обичниот секс е досаден
Освен ако и вашата девојка не сака такви работи, непрестаното инсистирање за менување пози, вулгарности или необични игри, од сексот ќе направат напорна претстава, а не уживање.
4. Ако не ѝ е до секс, нешто не е во ред со неа
Во реалниот живот, ретко која жена е постојано расположена, што не значи дека нешто не е во ред со неа. Работата, грижата за семејството, расправиите со пријателките, вежбањето, домашните работи - сè тоа ѝ одзема енергија, која не е резервирана само за вас. Не се ни обидувајте овој проблем да го решите со насилни допири или намќорести приговори. Направете нешто внимателно и романтично, можеби веќе долго време не сте однесувале така.
5. Со малку наговарање, сè ќе помине
Некои жени имаат јасни ставови за она што сакаат во кревет, а што не. Со обѕир на тоа дека тие не се платени порно актерки, на тоа и имаат потполно право.
За крај, избришете ги овие чести заблуди од својата глава, и уживајте во опуштените љубовни мигови, без премногу размислувања.
М. А. | Црнобело