8 знаци дека сте во замка на емоционален манипулатор
Дел од нас барем еднаш во животот го искусиле она чувство кога знаат дека се манипулирани. Емоционалното влијание е моќна алатка, а некои луѓе активно одлучуваат да ја користат.
8 знаци како да препознаете дека си имате работа со емоционален манипулатор:
Емоционалните манипулатори се неверојатно талентирани лажговци. Инсистираат дека не направиле нешто, кога јасно со свои очи сте виделе дека го прават тоа. А, најлошо е што почнувате да се сомневате во сопствената способност за расудување. Тоа што инсистираат дека проблемите се само во ваша глава е нивна омилена игра.
Емоционалните манипулатори ви го кажуваат тоа што сакате да го слушнете, а нивните дела се сосема поинаква приказна. Тврдат дека секогаш ќе ви помагаат, ама кога ќе дојде времето за помош, никаде ги нема.
Емоционалните манипулатори ги искористуваат вашето чувство на вина за нивна корист. Кога споделувате работи ќе направат да се чувствувате виновни што ги „гњавите“ со вашите проблеми, а кога не споделувате ќе ве обвинуваат дека криете работи. Прават да чувствувате дека сè што правите е погрешно.
Емоционалните манипулатори никогаш не треба да ги обвинувате за нешто и што и да направат погрешно, секогаш наоѓаат друга личност на која можат да ја префрлат вината. Ако сте гневни или растажени, имате нереални очекувања, ако манипулаторот е нервозен или фрустриран, другите се виновни за тоа.
Без разлика дали е нешто поврзано со бизнис или лични работи, манипулаторите секогаш гледаат да ги избрзаат работите. Брзо сакаат да ги споделат своите вести и глумат дека се повредени и ранливи, ако подеднакво брзо не реагирате и вие.
Нивната првична желба да дојдат брзо до нешто се претвора во издишувања, негодувања и жалење. А, главна цел им е да направат да се чувствувате како да им должите нешто.
Без разлика на тоа што ќе споделите, без разлика на тоа со какви проблеми се соочувате, манипулаторот има посериозни проблеми, па немате причина да се жалите.
Ако се грижите околу тоа како изгледате ќе коментираат на работите кои ги носите и што јадете, Ако сте загрижени за нешто, ќе гледаат уште повеќе да ве заплашат. Манипулаторите лесно ги читаат вашите емоции и така успеваат да ве контролираат.
Н. Г. | Црнобело