Како да ги подобрите односите со другите луѓе за 60 секунди?
Бела Ганди е личен тренер која открива дека за само 60 секунди можете значително да ја зајакнете секоја врска.
Без оглед дали станува збор за врската со партнерот, вашите пријатели или вашите деца постојат некои универзални правила со кои за неверојатно кратко време ќе ги подобрите сите ваши односи.
Ова се нејзините совети:
Зајакнете ја врската со партнерот
1. Гушнете го вашиот партнер и останете така 60 секунди. Гушкањето некој кој го сакате го зголемува нивото на окситоцин и допамин, хормони кои се одговорни за чувство на задоволство и поврзаност.
2. Испратете му порака на партнерот во која ќе му напишете колку го сакате и цените заради некоја негова карактеристика.
3. Купете го омилениот пијалак, десерт или чипс на партнерот и изненадете го.
Не ги заборавајте вашите пријатели
4. Ако сакате да го обновите пријателството со некој со кој сте се оддалечиле, пишете му некоја интересна порака од типот „Ја слушнав твојата омилена песна на радио и ми текна на тебе. Што велиш да се видиме на кафе/ручек?“.
5. Испратете ѝ цвеќе на вашата најдобра пријателка без никаква причина. На картичката едноставно напишете колку сте среќни што ја имате во животот.
6. Оставете му говорна порака на вашиот најдобар пријател во кој ќе му кажете колку ви значи. Можете дури и да му отпеете нешто. Тоа секако ќе донесе насмевка на неговото лице.
Грижете се за вашите деца
7. Оставете им интересни пораки на вашите деца каде и кога и да можете.
8. Обликувајте ја храната за вашите деца во форма на нивниот омилен лик од цртаните филмови.
9. За време на вечерата пофалете го вашето дете за нешто што направило дента. Пофалбата ќе направи детето среќно да оди на спиење и да се труди уште повеќе.
Изградете врски со вашите колеги
10. Почестете ги вашите колеги со нешто благо или изненадете ги со некои ситници кои ќе ги израдуваат. На овој начин ќе изградите многу подобри и попријателски односи со нив.
11. Испратете му на колегата/колешката, кој ви помогнал за нешто, картичка со која ќе се заблагодарите за помошта.
12. Искрено заблагодарете му се на вашиот шеф. Шефовите ретко добиваат комплименти од работниците, а кога ќе ги добијат до некоја искрена личност навистина ќе им значат.
И не заборавајте на себе
13. Направете листа од 7 работи кои ве прават среќни. Обидете се да правите барем по една секој ден од седмицата.
14. Давањето е подобро од примањето. Насмевнете се на случајниот минувач кој поминува покрај вас, отстапете го местото редот на бабичката која чека зад вас... сето тоа ќе направи да се чувствувате многу поубаво.
15. Направете листа на 5 добри квалитети кои ги поседувате и ставете ја во паричникот. Секогаш кога ќе се почувствувате лошо само извадете ја картичката и прочитајте што сте напишале.
М. С. | Црнобело