4 опасни постапки заради кои луѓето се разведуваат

Бракот е наука. Колку и да звучи чудно факт е дека врските и браковите се главна тема на интерес на многу психолози.

4-opasni-postapki-zaradi-koi-lugjeto-se-razveduvaat-1.jpg

Еден од нив е и Џон Готман, кој веќе 40 години се занимава со проучување на овие области од човечкиот живот.

Според него постојат 4 опасни однесувања кои се предвесник дека нешто не е во ред со бракот и дека големи се шансите истиот да се ближи кон развод.

1. Презир

Индикатори: Исмевање на партнерот насамо или пред други луѓе, непочитување на мислењето на другиот, давање погрдни или навредливи прекари. Критикување всушност е постојано и константно забележување, негодување и константно незадоволство од партнерот.

Како да го решите проблемот: Ставете се во позиција на партнерот и обидете се да ја согледате ситуацијата од негова перспектива.

Psiholog-otkriva-4-opasni-odnesuvanja-koi-se-najgolem-predvesnik-za-razvod-02

2. Критикување

Индикатори: Постојано се нервирате дури и за најмалите грешки направени од страна на партнерот. Како резултат на тоа постојано се навраќате на настани од минатото обидувајќи се да му докажете дека „прави сè погрешно“.

Како да го решите проблемот: Не користете агресивен тон при разговорите и не правете од мравка слон. Ако смирено побарате од партнерот да направи нешто поинаку, сигурно ќе го добиете.

Psiholog-otkriva-4-opasni-odnesuvanja-koi-se-najgolem-predvesnik-za-razvod-03

3. Постојано заземање одбранбен став

Индикатори: Ако на секое прашање одговарате со расправија и бранење, како да се браните од напад, тогаш морате да поработите на вашата комуникација и начин на реагирање.

Како да го решите проблемот: Доколку се најдете ситуација да згрешите многу поедноставно ќе го решите проблемот со извинување за грешката, наместо во трошење време на бесполезни кавги кои носат повеќе штета отколку корист.

Psiholog-otkriva-4-opasni-odnesuvanja-koi-se-najgolem-predvesnik-za-razvod-04

4.  Избегнување конфликт

Индикатори: Штом насетат дека доаѓа бура, многу луѓе претпочитаат да изградат ѕидови околу нив и да не дозволат емоциите да ги надвладеат. Исто така честа е и практиката на игнорирање на партнерот на сите можни начини.

Како да го решите проблемот: Не бегајте и не ги затворајте во себе вашите емоции. Обидете се да го решите проблемот мирно бидејќи ако не го решите тогаш, со текот на времето тој само ќе станува сè поголем и поголем.

Psiholog-otkriva-4-opasni-odnesuvanja-koi-se-najgolem-predvesnik-za-razvod-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg