5 емотивни приказни за тоа колку е важно да покажете љубов

Од моментот кога сме родени, опкружени сме со толку многу љубов, што често ја сфаќаме како „обврска“ на нашите родители и блиските, заборавајќи да ја возвратиме.

5-emotivni-prikazni-za-toa-kolku-e-vazno-da-pokazete-ljubov-001.jpg

Време е денес да ја промените навиката.

Се надеваме овие 5 приказни ќе ве поттикнат да покажете и возвратите многу поголеми количини на љубов.

1.

Честопати работам ноќна смена, па земам храна со мене. Односно, мојата сопруга ја подготвува храната, ја пакува, а јас само ја земам торбата. Еднаш си извадив јадење на бирото и забележав дека овојпат ми го подготвила омиленото јадење. Кога ја отворив кутијата забележав и љубовни пораки. Утрото кога се вратив, а таа спиеше, и ставив малечка порака во палтото кое беше закачено за да го носи тој ден. Сега ни стана традиција - си разменуваме љубовни пораки за поубав ден. Сфатив дека и најздодевниот работен ден така станува барем малку потопол и поубав.

2.

Јас сум таа што седи дома, а мојот сопруг обично работи по цел ден. Станува рано наутро и доаѓа кога ќе се стемни. Обично наутро станувам рано со него, за да му подготвам појадок и да го видам пред да го испратам на работа. Денес се разбудив без мојот сопруг до мене. Погледнав во часовникот - 10 часот. Сум се успала. Бев страшно лута на себе. Се симнав до кујната да си подготвам кафе и видов нешто неверојатно: исчистени садови, светната кујна и букет цвеќе на масата. До него, кратка порака „И твојата работа е многу важна. Те сакам.“ Не можев да си ги додржам солзите.

3.

Секој ден се будам во 5:30 бидејќи во 6:30 доаѓа автобусот кој ме носи до Универзитетот во кој студирам. Се возам околу 2 часа. Па, како и повеќето студенти го користам времето за да се доспијам. Но, несвесно, секојпат кога сум заспивала, сум ја ставала главата на еден дечко кој исто така се вози секој ден во истиот автобус. Денес, дечкото ми подаде малечка перница со скришно џепче во кое имаше порака: „Не ти го знам името, но прекрасна си секој ден кога сонуваш, до толку многу што жалам бидејќи возењето трае прекратко.“

4.

Едно лето со мојата девојка лежевме на топлиот песок на плажа, гледајќи во ѕвездите, чекајќи некоја да падне. Поминаа неколку часа. Во еден момент, се свртев и ја видов како спие мирно и спокојно. Решив да не ја будам. Кога повторно погледнав кон небото видов ѕвезда која паѓа. Посакав да ѝ се исполни само најубавото од сонот.

5.

Со сопругот имаме многу набиени дневни распореди, речиси секогаш работиме и немаме многу време за себе. Понекогаш се гледаме само на вечера и пред да си легнеме, мртви уморни. Едно утро беше многу ладно и си ја барав другата ракавица, бидејќи знаев каде ми е само едната. Кога конечно ја најдов, сфатив дека е искината. Отидов на работа со поткината ракавица. Ништо страшно. Утредента кога се разбудив и посегнав по ракавиците, сфатив дека сопругот станал порано и ја сошил. Ретко ми дели комплименти и ми купува подароци, но заради овие ситници не се сомневам во нашата љубов, колку малку и да се гледаме.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg