Кога вашето момче се претвара во љубоморен контрол фрик?
На секој може да му се случи да влезе во токсична врска. Стереотипот за контролирачки партнер е дека тој е физички агресивен и постојано се служи со закани и ултиматуми.
Во некои случаи тоа е точно, меѓутоа може да сте во врска со ваков партнер, а тоа воопшто да не го знаете. Постојат многу дополнителни знаци и скриена емоционална манипулација со кои тие се служат.
Тој може да го контролира секој аспект од вашиот живот и ако не направите нешто како што тој сака, може да направи на крај сепак вие да се чувствувате виновно.
Ако забележите повеќе од овие знаци во вашата врска, сфатете ја ситуацијата сериозно:
1. Во ред е кога сака да ги запознае твоите пријатели. Не е во ред кога им се јавува често и ги прашува каде си.
2. Во ред е кога ти се јавува да те праша како си. Не е во ред кога ти се јавува на 10 минути да провери да не го лажеш.
3. Во ред е ако е љубоморен на некое момче. Не е во ред кога сака да престанеш да се дружиш со секој од спротивниот пол.
4. Во ред е кога сака да поминува време со тебе. Не е во ред кога не ја почитува твојата потреба и желба кога сакаш да бидеш сама.
5. Во ред е кога сака да си ги исполниш амбициите. Не е во ред кога те условува да не ја прифатиш работата, затоа што може да ти раскине.
6. Во ред е кога има принципи и свои силни размислувања за работите. Не е во ред кога не ги почитува и не го интересираат твоите.
7. Во ред е кога сака да знае повеќе за тебе. Не е во ред кога ти ги чита пораките и мејловите.
8. Во ред е кога ќе ти каже дека си му важна во животот. Не е во ред кога ти се заканува дека ако го оставиш, нема да може да живее.
9. Во ред е кога ти дава комплименти за твојата облека. Не е во ред кога те критикува и тера да се пресоблечеш.
10. Во ред е кога ќе ти се насмее ако направиш нешто глупаво. Не е во ред кога ти ќе направи да се сомневаш во твојата интелигенција.
11. Во ред е кога сака да поминуваш време со неговото семејство. Не е во ред кога пробува да те изолира од твоето.
12. Во ред е кога ти купува подароци и прави гестови да ти покаже дека си му важна. Не е во ред кога ти повторува што направил за тебе и ти прави да се чувствуваш како да си му должна.
13. Во ред е кога сака да дискутира за твоите вредности и верувања. Не е во ред кога ти прави да се чувствуваш инфериорно поради нив.
14. Во ред е кога те поканува да излезеш со неговото друштво. Не е во ред кога сака цела вечер до стоиш до него и да не разговараш со другите.
15. Во ред е кога сака да бидеш среќна. Не е во ред ако мисли дека треба да си среќна само кога си со него.
16. Во ред е кога прави планови за вас двајца. Не е во ред ако ти е страв од неговата реакција кога мора да ги промениш.
17. Во ред е кога сака врската да стане посериозна. Не е во ред кога не прифаќа дека не си подготвена.
18. Во ред е ако сака да те изненади и се појави кога си излезена со друштво. Не е во ред ако цело време се појавува каде што си излезена.
19. Во ред е кога презема одговорност и прави одлуки за тебе ако си збунета и побараш помош. Не е во ред кога ќе сака да ги донесува сите твои одлуки.
20. Во ред е ако ти се јави затоа што неможе да заспие. Не е во ред ако ти се јавува среде ноќ за да провери дали навистина си дома и спиеш.
А. В. | Црнобело