Таа нема вечно да чека да созрееш, да бидеш подготвен за врска

Кога ќе ѝ кажеш дека не си подготвен за врска, единственото нешто што таа го слуша е дека таа не е тоа што ти го посакуваш. Дека не е доволна заради неа да се откажеш од самотничкиот живот.

taa-nema-da-ceka-da-bidesh-podgotven-za-vrska-01.jpg

Не очекувај дека ќе го чека моментот кога ќе одлучиш да ја прифатиш нејзината љубов, бидејќи додека ти сфатиш дека ја заслужува твојата љубов, нејзината повеќе нема да постои.

Ќе сака некој друг, некој кој е подготвен да биде со неа.

Нема да гледа како излегуваш со други девојки, нема да чека да созрееш и да се ослободиш од тежината која ја носиш со себе и да се навикнеш да идејата за моногамија.

Таа знае колку вреди.

Знае дека зад твоите зборови: „Не сум подготвен за врска“ стои болка која ќе ѝ ја нанесеш, без разлика дали било тоа намерно или сосема случајно.

Можеби ќе ја задржиш покрај себе заради сексот, пријателството или сопственото его, ама во ниту еден случај нема да го промениш нејзиното мислење.

Знае дека нема да сфатиш дека заслужува можност пред да ѝ го скршиш срцето.

Ако ти треба одредено време за да си го средиш сопствениот живот, тоа е во ред. Но, не барај од неа да те чека. Не очекувај да го стави сопствениот живот на пауза и да чека да се разбудиш еден ден и да одлучиш дека си мажот кој го заслужува.

Размисли малку што ако одлучи да чека? Што ако го одбива секој маж кој покажува интерес за неа, а ти на крајот се премислиш? Што ако никогаш нема да бидеш подготвен за неа? Што ако, во тој случај, ја изгуби можноста да ја запознае својата сродна душа?

Ако барем малку се грижиш за неа, а не си подготвен за врска, не љуби ја. Не спиј со неа. Не флертувај со неа. Не ја убедувај дека еден ден таа може да биде твоја девојка, ако направи сè како што треба. Не ѝ давај лажна надеж кога знаеш дека нема шанси.

Ако ви е судено, можеби еден ден ќе се сретнете кога и двајцата ќе бидете подготвени за врска. Можеби ќе се сретнете во совршениот момент.

Но, не ја задржувај сега, кога знаеш дека сакате различни работи. Кога таа го сака секој дел од тебе, а ти го сакаш само нејзиното тело и нејзиното повремено пријателство.

Заслужува да биде со некој кој ќе се посвети само на неа. Некој кој ќе каже збогум на сите други девојки. Некој кој ќе ѝ го даде секој дел од својата душа.

Па, ако не си подготвен за врска, не ѝ давај причина да помисли дека можеби само лажеш. Дека е прашање на време кога ќе го промениш своето мислење.

Не ја охрабрувај да чека, бидејќи чекањето е само одложување на моментот кога нејзиното срце ќе се скрши.

Затоа, те молам, пушти ја. Не и нанесувај повеќе болка. Пушти ја. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg