Сигурност во љубовта или неодолива хемија?

Инстантна љубовна хемија...не постои подобро чувство. Тоа е како кога се чувствуваш носталгично за некое место и ги затвораш очите и наеднаш си таму.

sigurnost-vo-ljubovta-ili-neodoliva-hemija-001.jpg

Се чувствуваш како да си во облаци, срцето ти чука забрзано, не можеш да јадеш, не можеш да спиеш, немаш пеперутки во стомакот туку како ајкули да ти ја јадат внатрешноста, нешто те гризе однатре и те тера да правиш луди работи, работи кои никогаш во животот не си ни помислил дека ќе ги направиш. Како огномет кој наеднаш ти експлодира преку површината на срцето и се замислуваш во прегратките на личноста со која уште не си разменил ниту неколку зборови.

Сè изгледа толку прекрасно и лесно кога ги гледаме работите оддалеку. Но за жал работите најчесто не се такви како што изгледаат. Проблемот е во тоа што хемијата ни го збунува рационалното размислување и ни оневозможува да размислуваме критички. Слепи сме за работи кои подоцна ќе се покаже дека се многу значајни.

Но, некои од нас не сакаат да го сменат тоа неодоливо, незаборавно чувство за ништо на светот. Всушност во нашите глави сè е совршено. Срцето оди пред умот и не води на патување во кое ја идеализираме сегашноста, не размислуваме за иднината, и потоа како гром од ведро небо не погодува реалноста.

Тој е многу љубоморен, сака да ме контролира, многу често се караме, не е одговорен, не е организирана, не сака да биде во сериозна врска, не се грижи вистински за мене, не сака да има деца. Некој почнува да се оддалечува, другиот мора да оди како на јајца за да го одржи мирот во врската.

Не знаете каде стоите и поминувате повеќе време грижејќи се отколку што уживате во врската. Но веќе и дозволивте на таа личност да стане дел од вас и ја сакате. Да, ја сакате со цело срце или така мислите. Тоа не е идејата за вистинска љубов и не би требало да биде.

Ретко кој троши време и енергија во градење на цврста врска и сите се впуштаат во моментални искри кои ни ги задоволуваат моментални физички и емотивни потреби. И мажите и жените се однесуваат себично, и тоа е причината зошто владее толку голема љубовна депресија.

Ставот само се забавуваме и уживаме во моментот на крај најчесто завршува со тоа некој да се чувствува искористен и осамен. Никогаш овие ситуации не нè прават вистински среќни. Треба време за да изгради вистинска врска и ретко кој го прави тоа.

Моменталната хемија всушност e тоа како некој прави вие да се чувствувате, додека вистинска љубов е кога сте посветени, и кога сакате и се грижите и другиот да се чувствува добро.

Љубовта не е себична, не гледа само за себе, не треба да прави да се чувствувате несигурно и лошо. Грешиме во моментот кога мислиме на љубов помислуваме на тоа преубаво чувство во кое лебдиме над реалноста, во кое гледаме само како ние се чувствуваме и кои моментални потреби ни се задоволени, наместо врска што трае помеѓу двајца затоа што тие двајца несебично биле посветени за истата да опстане. Целта не е да помислите дека љубовта не е романтична.

Љубовта знае да биде прекрасна, но љубовното искуството ќе биде многу поубаво кога ќе биде вистинско а не моментална искра која моментално ќе ви направи да бидете среќни.

Треба да се запрашате што ви е поважно во животот, дали да имате некој до вас што ќе изгледa перфектно на хартија, меѓутоа нема да сака да излегува со вашите пријатели, нема да сака да гради семејство со вас, кој нема да биде заинтересиран за вашите амбиции и желби, и вашите мислења за сè ќе се спротивставуваат.

Може да биде најперфектен, да ви буди најмногу емоции, но хемијата и страста се само мал дел од животот.

Кога ќе навлезете во врска треба да направите математика што најмногу ќе ви одговара. Нека биде 70% компатибилност со 30% хемија. Сите грешки и љубовни болки произлегуваат поради неправилност во оваа формула. Завршуваме со некој со кога имаме 100% хемија и 0% компатибилност или обратно и се прашуваме зошто не функционира. Да се чувствувате стабилно и сигурно со неколку искри тука и таму е најдобра средина.

Ако сакате да најдете љубов, која ќе трае, мора да пронајдете нов начин на барање на таа љубов. Наместо да трчате по хемија по секоја цена, дури и по цена на вашето здравје и мир, размислете дека ако нешто изгледа предобро за да биде точно тоа е затоа што во реалноста е така. Сигурно моментално заслепени игнорирате нешто многу значајно што подоцна може да ви го скрши срцето.

Има неколку важни прашања за кои треба да се запрашате во вашата врска. Без исти размислувања и некомпатибилност во однос на овие работи врската може да ја доведете до непоправливи проблеми.

Дали и двајцата сте за моногамија во врската?

Мора да разграничите дали гледате исто на верноста. Ова прашање е најважно да не завршите со скршено срце.

Дали вашите потреби и проблеми му се исто толку важни како неговите?

Ако си дојдете од работа и сакате на вашиот партнер да му раскажете за проблемите што ви се случуваат на работа и ви каже оди разговарај за тоа со некоја другарка, тогаш би имале проблем.

Дали вашиот живот е подобар откако сте со него?

Размислете дали партнерот ве поддржува и ви го прави животот посреќен или само ви ја троши енергијата. Вашиот партнер треба да ви биде најголем фан, животот е многу краток да го поминете со некој кој не верува во вас. Треба да се чувствувате сакано, почитувано и среќно во врската.

Дали вашиот партнер го сака тоа што вистински сте?

Размислете дали вашиот партнер ја сака вашата целокупна личност. Дали ве сака поради тоа што навистина сте или цело време се чувствувате не комфорно и неприфатено, или се плашите дали ќе ви суди ако си го покажете вистинското јас.

Како се чувствувате во нивно присуство?

Дали сте среќни, исполнети или се чувствувате збунето, анксиозно или под страв. Проверете дали тие чувства доаѓаат од тоа како тие се однесуваат со вас.

Најбурните љубовни приказни се исто толку болни колку што се и убави. Некои луѓе избираат ваква љубов и ја стават над сè. Но, некогаш обичните работи може да бидат многу поубави и да ве направат многу посреќни. Престанете да верувате дека љубовта треба да биде како бура, барајте љубов што е како мирна ноќ после бурата.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg