Кога мажите најмногу изневеруваат?
Можеби до сега сте мислеле дека тоа се тинејџерските години и раните 20-ти, но потполно грешите.
Ново истражување дојде до интересни одговори.
Едно неодамнешно истражување спроведено во Њу Хeмпшир, покажало дека мажите се најмалку верни на партнерките по 55-тата година.
Овие години многу пати се поврзувани со криза на средни години, кога изгледот, младите девојки и брзите автомобили се поважни од бракот, среќата и семејството.
„Од биолошки агол, за разлика од жените кај кои опаѓа квалитетот на генот, кој се пренесува на потомството, мажите и во подоцните години сè уште можат да пренесат квалитетен генетски материјал на партнерката, иако почнува да им опаѓа квалитетот на спермата“ - стои во резултатите.
Со други зборови, според овие резултати, прељубата е поврзана со имањето деца, иако е далеку поверојатно дека најголем број на мажи во овие години изневеруваат, затоа што сакаат да избегаат и да се одморат, од работата и семејството.
Е. Ј. | Црнобело