9 знаци кои ве предупредуваат дека сте во штетна врска

Денешната љубов честопати е токсична, а ако не ги препознаете алармантните знаци на време, ризикувате целиот живот да ви стане токсичен.

9-znaci-koi-ve-predupreduvaat-deka-ste-vo-stetna-vrska-01.jpg

Во време кога недостасуваат витинските вредности, никој нема да ве обвини ако едноставно кажете „не си за мене.“

Но, важно е да знаете да ги утврдите знаците. Ви помагаме да ги отворите очите.

Ако се препознаете во барем половина, време е да продолжите понатаму - сами:

1. Не ви дозволува да излегувате со пријателите

Ако вашите пријатели постојано ви префрлаат како не сте се виделе откако сте во љубов, верувајте дека тоа не е љубов. Ова е првиот предупредувачки знак. Неопходно е да се гледате со други луѓе, покрај со партнерот и да одржувате здрави врски.

2. Ги контролира вашите пари

Довербата е клучна, па затоа не смее да дозволите ниту економско насилство, колку и да ви звучи смешно. Ако сте пар, не значи дека вашата заработка треба да ја планира некој друг. Заработувате индивидуално, што значи и ќе трошите индивидуално.

3. Ви го проверува мобилниот телефон константно

Честопати проверката на мобилниот телефон се презентира како „доказ за љубовта“. Ако немаш ништо за криење - ќе ми дозволиш да ти чепкам низ телефонот. Не паѓајте на ова. Љубомората е отров кој ќе смисли секаков изговор за да се провлече.

4. Ви кажува како да се облекувате

Вашето тело е само ваше. Потсетете се на тоа секој пат кога ќе ви забрани да излезете во тој фустан затоа што е прекраток или ќе ве натера да го избришете црвениот кармин, бидејќи е претерано провокативен.

5. Ве испитува затоа што ви треба време да се јавите

Ако постојано се оправдувате зошто се јавувате со 5 минути задоцнување, можеби попаметно е воопшто да не се јавите.

6. Проверува дали сте со пријателите

Веќе сте го слушнале ова, но еве го повторно - љубомората е болест. Колку и да се шегувате на оваа тема, проверките на вашите зборови не се шега.

7. Се плашите да кажете што мислите

Љубовта треба да е среќа, радост и задоволство, не страв. Партнерот не би требало да е вашиот непријател.

8. Ве навредува

Постојат граници и кога некој ќе ги премине, едноставно треба да се завртите. Ако се согласите на врска во која партнерот ве навредува (дури и во афектни ситуации), се согласувате на живот полн негативност и неуспеси.

9. Пријателите се обидуваат да ве предупредат

Ако е така, слушајте ги. Тешко е да бидете објективни кога срцето ви е освоено, но вашите пријатели и семејството имаат многу појасна слика во главата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg