Врската завршува кога ќе одлучите да не бидете ранливи

Врската не завршува тогаш кога ќе си кажете збогум. Таа всушност завршува многу порано. Кога ќе почнете да се игнорирате, кога ќе престанете да се слушате, кога позабавно ќе ви биде да излезете со пријателите отколку со партнерот...

vrskata-zavrshuva-koga-kje-odlucite-da-ne-bidete-ranlivi-01.jpg

Кога завршуваат врските?

Врските завршуваат во моментот кога ќе престанете да комуницирате

Кога ќе престанете да си кажувате убави зборови, да си кажувате колку се цените, што ве повредило, што сакате да споделите...

Врските завршуваат кога ќе престанете да си покажувате љубов и наклоност еден кон друг

Кога мислите дека романтиката има рок на траење, кога ќе ви стане толку комфорно што ќе престанете да се обидувате да направите партнерот да го заведувате. Кога сте толку сигурни дека саканата личност засекогаш ќе остане покрај вас.

Врските завршуваат кога ќе престанете да се трудите да се разбирате еден со друг

Кога повеќе не сте еден за друг, кога ќе престанете да правите мали, ама така важни работи кои заедничкиот живот ви го прават поубав. Искрената насмевка, нежниот допир полн со љубов, убавите зборови - кога сите овие работи ќе исчезнат, тогаш врската завршува.

Врската завршува кога ќе одлучите да не бидете ранливи

Кога ќе престанете на својот партнер да му го покажувате вистинското лице, своите стравови, несигурности и своите рани.

Понекогаш врските завршуваат бидејќи успехот не им е суден, а понекогаш и пребрзо, кога најмалку сте очекувале.

Ама тоа значи дека ве очекува нешто подобро, нешто посветло во иднина.

Нешто поубаво...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg