Нема расправии, партнерите се едно: 6 стереотипи за среќната врска
Секој од нас има идеја за тоа како треба да изгледа совршената љубов, а поголемиот дел од нас веруваат дека љубовта е баш онаква каква што е опишана во новелите и филмовите.
6 стереотипи за тоа како изгледа совршената љубов кои се сосема погрешни:
1. Нема расправии во идеалната врска
Идеалните врски не се оние каде нема конфликти, туку оние каде заради добрата комуникација конфликтите брзо се решаваат.
2. Идеалните двојки секогаш стапуваат во брак
Подготвеноста за брак и деца се случува во разни фази од животот, а тоа не значи дека ќе се случи со партнерот кој бил идеален за вас.
3. Совршена двојка - мажот носи пари, жената се грижи за сите
Еден од најбаналните стереотипи е дека мажот е тој кој треба да заработува повеќе, а жената да се грижи за семејството. Најдобра опција и двајцата еднакво да придонесуваат во семејството и да имаат еднаков број на обврски.
4. За идеалните партнери не постојат други партнери
Верноста е избор, а либидото несвесен процес. Тоа значи дека понекогаш може да се случи да бидете привлечени од друга личност, иако идеалниот партнер е покрај вас. Но, таа привлечност е минлива и не преминува во изневерување.
5. Партнерите совршено се разбираат
Здравата врска подразбира да бидете отворени и да комуницирате не да чекате другата страна да разбере „меѓу редови“ што сакате вие да добиете.
6. Мажот и жената се како по една половина од целина
Тоа подразбира целосно губење на индивидуалноста, а реалноста е дека здравата врска подразбира простор и за личен развој, не само заеднички.
Н. Г. | Црнобело