10 работи со кои самите не си дозволувате да бидете среќни во љубовта

Сè почнува прекрасно - долги разговори, прв состанок, грижа еден за друг, кога одеднаш, по година-две врска нешто ве кочи. Нешто во главата ви вели дека тоа не е вистинското. Дека некаде грешите. Дека партнерот ви е неверен.

10-raboti-so-koi-samite-ne-si-dozvoluvate-da-bidete-srekni-vo-ljubovta-1.jpg

Психолохот Ирина Чеснова открива 10 работи, односно грешки заради кои самите си ја саботираме среќата во љубовта:

1. Се фокусирате на стереотипите

„Сите русокоси се глупави“, „Мажите не плачат, жените да“, „Вистинската љубов не постои“... Сите овие стереотипи кои се всадени во главите ви ја попречуваат сликата онаква каква што е. Жената не секогаш ќе биде дотерана, ќе ја видите и во тренерки и без шминка. Мажот не секогаш ќе биде екстремно мотивиран, туку ќе има по некој мрзлив ден. Важно е да ги отворите видиците.

2. Создавате илузија од нереални очекувања

Не ги мешајте надежта со фантазиите и идеалите.  Илузија е да мислите дека можете да ја контролирате и промените другата личност. Најдобро е да не очекувате ништо и да ја цените моменталната ситуација.

3. Непотребно доделени „обврски“

„Ти си маж - мора да знаеш да го поправиш автомобилот.“ „Ти си жена - мора да знаеш да готвиш.“ Сосема непотребно.

4. Желба да имате исти цели

Многу од паровите тежнеат да бидат исти или барем слични. Да имаат исти цели, заедничко хоби, заеднички обврски... Зошто? Зошто би сакале да го промените партнерот во кој сте се заљубиле кога не бил сличен со вас?

5. Обиди некој да биде доминантен

Најчестата грешка - некој од партнерите да доминира, а другиот да го следи. Порано или подоцна „потчинетиот“ ќе ја види ситуацијата.

10-raboti-so-koi-samite-ne-si-dozvoluvate-da-bidete-srekni-vo-ljubovta-2.jpg

6. Губење на своето „јас“ во врската

Желбата да се прилагодите на партнерот не е лоша и штетна, но сепак не по цена на жртва. Зборуваме за жртви од типот на што правите во слободно време, какво хоби негувате, каков спорт сакате, работата која ја работите, пријателите, семејството... Постојат некои работи кои не смее да се променат само затоа што сте во врска.

7. Насилна комуникација

Сите жалби, критики, забрани си го земаат својот данок.

8. Игри

Емоциите не се играчка, а вие не сте деца. Игрите кои вклучуваат топло-ладни емоции, конфузни сигнали, инает и полнење на егото никогаш нема да завршат успешно.

9. Желба да бидете нешто што не сте

Карактерот не можете да го сокриете на долги стази. По некоја ситница може да промените, но ако имате постојана желба да бидете некој друг, нешто што не сте, очигледно сте во погрешна врска.

10. Најголемата грешка - страв

Страв од интимност, поврзаност, осаменост, страв од тоа да не сте го одбрале погрешниот, страв од тоа да не некој постојано ве лаже... Сè се случува со причина. Научете да ги пуштите конците.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg