6 кратки приказни кои ќе ве потсетат на моќта на љубовта
Честопати животот пишува љубовни приказни какви ниту најдобриот холивудски сценарист не би можел.
Овие 6 кратки приказни ќе ве потсетат колкава е моќта на љубовта:
1. Денес, два дена по смртта на мојот сопруг, ми пристигна букет кој го порачал една недела претходно. На пораката пишуваше „дури и ако ракот победи, сакам да знаеш дека отсекогаш си била жената од моите соништа.“
2. Денес победив во судски случај кој траеше долго време. Пред 14 месеци открив дека мојот сосед редовно го тепа своето куче. Затоа го „киднапирав“, па ме тужеше. Потрошив многу пари на судењето, но утрово кога се разбудив со топлина од крзнениот пријател на стапалата, знаев дека вреди.
3. Мојата ќерка дојде дома од училиште и ме праша каде може да го научи јазикот за глувонеми лица. Ја прашав зошто, и ми одговори дека имале ново девојче во класот кое зборувало само на тој јазик, па немала со кој да зборува.
4. Денес по грешка на мојот татко му испратив порака „те сакам“, која беше наменета за мојот сопруг. По неколку секунди ми врати „и јас те сакам. Тато.“ Бев трогната, бидејќи никогаш претходно не сме размениле таква порака.
5. Со дедо ми разгледувавме некои стари фотографии. Кога налетавме на една ретро фотка на која тој танцува со мојата баба, која почина пред неколку години, само ме прегрна и ми рече, „секогаш запамети дека дури и ако нешто не трае засекогаш, не значи дека не е вредно да му го посветиш целото време кое го имаш.“
6. Работам како учител веќе 20 години. Неодамна налетав на еден човек кој го учев кога беше мал. Беше тешко дете, бесно и лесно се разлутуваше. Еднаш, во обид да го смирам, седнав до него и му нацртав Спајдермен. Му кажав дека хероите на крајот секогаш победуваат. Разговаравме половина час, ми кажа дека работи како пожарникар и спасува животи. Пред да се зборуваме, го отвори паричникот и ми го покажа цртежот од Спајдермен кој го чувал сиве овие години.
M. Д. | Црнобело