9 години по венчавката, пар го отворил подарокот со порака „не отворајте пред првата кавга“
Не е лесно да бидеш во долга и среќна врска или брак истовремено, колку и да звучи сурово. Љубовта и страста не секогаш се одржуваат беспрекорно.
Поаѓајќи од оваа вистина, еден пар добил свадбен подарок со назнака „не отворајте до првата кавга.“
„Една вечер заедно со мојот сопруг Брендон уживавме во неколку чаши вино. Зборувавме за венчавката на која бевме поканети и што би требало да однесеме. Некако разговорот заврши на нашите свадбени подароци и кој најмногу ни се допаднал, за одеднаш да ни текне дека сè уште имаме еден неотпакуван. Знам дека звучи чудно, но го сочувавме,“ почнува да раскажува невестата и сегашна сопруга на Брендон.
„На денот на венчавката мојата тетка Алисон ни го донесе токму тој подарок - со назнака не отворајте пред првата кавга.
Секако, имаше кавги во сите овие 9 години. Имаше дури и моменти кога посакувавме развод. Но, никогаш не го отворивме подарокот. Го избегнувавме бидејќи тоа ќе ни делуваше како да сме во неуспешен брак. Така си стоеше со години на една полица.
Длабоко во себе, и двајцата верувавме дека има нешто посебно. Со оглед на тоа што мојата тетка беше во брак речиси половина век. И тоа во среќен брак.
Вечерва, без кавга, решивме да го отвориме подарокот.
Внатре беа два слични коверти.
На ковертот со мое име пишуваше: Оди купи пица, ракчиња или нешто што и двајцата го сакате. Подготви се за топла бања. Со љубов, тетка Алисон.
На ковертот за Брендон пишуваше: Оди купи цвеќиња и шише вино. Со љубов, тетка Алисон.
Сфативме дека не постојат тајни на цврстиот брак. Тајната не се наоѓаше во таа магична кутија која одбивавме да ја отвориме со години, туку се наоѓаше во нас.“
М. Д. | Црнобело