Зошто среќните парови не зборуваат за врската на социјалните мрежи?

Живееме во време кога е поважно да бидеш „во врска“ на Фејсбук, отколку да бидеш среќен во таа врска.

zosto-sreknite-parovi-ne-zboruvaat-za-vrskata-na-socijalnite-mrezi-1.jpg

Љубовта на луѓето ја проценуваме по бројот на заеднички фотографии и чекирања.

Сепак, секогаш постојат оние исклучоци кои никогаш не споделуваат ништо за партнерот, а ни се чини како цела вечност да се заедно.

За нив не знаеме ништо, бидејќи тие не ни го дозволиле тоа. И со добра причина.

Зошто среќните парови никогаш не зборуваат за својата „среќа“ по социјалните мрежи?

1. Кога луѓето се среќни во врската, живеат сега и овде

Ако се среќни заедно, зошто би го трошеле времето на правење селфи и поставување на истото на социјални мрежи? Не е дека никогаш не се фотографираат, меѓутоа не дозволуваат среќата и вниманието да им бидат одвлечени од мобилниот и апаратот.

zosto-sreknite-parovi-ne-zboruvaat-za-vrskata-na-socijalnite-mrezi-2.jpg

2. Знаат дека ако ги искажат проблемите јавно, ништо нема да добијат

Сфаќаат дека тоа е најмалку ефективниот начин за решавање на проблемите. Напротив, само ги влошува работите.

zosto-sreknite-parovi-ne-zboruvaat-za-vrskata-na-socijalnite-mrezi-3.jpg

3. Сфаќаат дека среќата доаѓа кога си заедно со човекот кој го сакаш

Тоа не подразбира онлајн разговор или чатување.

zosto-sreknite-parovi-ne-zboruvaat-za-vrskata-na-socijalnite-mrezi-4.jpg

4. Никој не треба да докажува ништо

Тие немаат потреба да докажуваат на некој дека се „нечии“. Заедно се бидејќи така одбрале и немаат очајна потреба светот да знае дека партнерот е нивен. Бидејќи не е сопственост.

zosto-sreknite-parovi-ne-zboruvaat-za-vrskata-na-socijalnite-mrezi-5.jpg

5. Најважната работа...

Истражувањата покажуваат дека паровите кои не ги користат социјалните мрежи како место за искажување љубов се посреќни бидејќи не се споредуваат со своите колеги, пријатели, роднини... Го живеат својот живот, ги исполнуваат своите очекувања и стекнуваат сопствени искуства. Секако, и емоциите се само нивни, а не јавна тајна.

zosto-sreknite-parovi-ne-zboruvaat-za-vrskata-na-socijalnite-mrezi-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg