Што сака ТОЈ во врската?
Денешните мажи се по малку збунети. Често не е јасна улогата на мажите и жените во денешните друштва. Жените се образуваат, градат кариера, се...
...помалку зависат од мажите како глава на фамилијата.
Често пати и тие се збунети и не знаат како да се однесуваат со мажите.
Што тие бараат од девојката кога се во врска?
1. Љубовница
Една работа не се променила – а, тоа е, желбата за секс. Составен дел на секоја љубовна врска е сексот – за поголемиот број мажи. И заради тоа нивната девојка мора да биде љубовница, спремна за акција во креветот и надвор од него.
2. Партнер од доверба
Мажите во својата партнерка бараат личност на која ќе можат да и се доверат и да најдат емотивна потпора. Тоа се однесува и да можат да и веруваат без да ја проверуваат.
3. Пријателство
Девојката воедно треба да биде и негов добар пријател. Можете да се дружите без тоа да се сведе на секс и бакнување. Станете дел од неговото друштво. Излегувајте заедно и забавувајте се.
4. Домаќинка
Ова е повеќе поврзано со девојка која ќе знае да направи да се чувствува убаво кога ќе и дојде на гости. Таа се грижи за другите и знае да изненади со добро подготвен појадок.
5. Хемија
За една ноќ доволна е мала физичка привлечност, но за врска, мора да постои хемија. Таа е врзана за страста.