На мажите им се важни многу други работи, освен надворешниот изглед

Кога мислите дека сè уште сте сингл само затоа што немате совршено извајано тело и ги обвинувате вашите мали гради или висината, верувајте дека размислувате погрешно.

Na-mazite-im-se-bitni-i-mnogu-drugi-raboti-osven-nadvoresniot-izgled-01.jpg

Секако дека мажите генерално сакаат згодни девојки, но тоа не е предуслов, ниту одлучувачки фактор за успешна врска. Неправедно е да да мислиме дека сè што сака еден маж е пар големи гради.

Вистината е дека сака и девојка со мозок со која ќе може да разговара, и неколку други работи, како на пример:

Храброст

Девојка која сака да испробува нови работи и не се плаши да излезе од својата комфорна зона. Без разлика дали станува збор за различни места на излегување, облекување, спорт или одмор, фактот дека таа е по малку авантуристички настроена и храбра е многу ценет.

Оптимизам

Онаа која ја гледа чашата како полунаполнета, наспрема онаа која секогаш смета дека е полупразна. Кој сака да има врска со нерасположен, вечно незадоволен и кенкав намќор? Малку насмевка ве молам и целиот свет станува поубав.

Искреност

Секако дека на почетокот на врската секој од партнерите сака да се прикаже во малку поубаво и повозбудливо светло. Тоа е сосема нормално, но не до точка на целосна фасада и непрепознатливост. Девојките кои глумат премногу најчесто завршуваат сами, бидејќи на целата таа шарада порано или подоцна ѝ доаѓа крајот. Искреноста е сепак најдобар пристап.

Самодоверба

Никој не сака несигурен партнер кој постојано се двоуми и се самоанализира себеси, своите квалитети, изгледот, тежината... секој од нас има потајни мисли во врска со ова, но дискусијата за нив треба да остане во својата глава. Сепак, и самодовербата треба да биде умерена и да има одредена граница, бидејќи претераното количество од истата е прилично напорно за поднесување.

Сексуална потенција

Девојка која едноставно ужива во сексот. Онаа која сака да биде посакувана и посакува и не се срами да го покаже тоа, ниту пак се срами од своето голо тело и ги гаси сијалиците секогаш кога е време за секс.

Страст за животот

Да се глуми премногу кул за сите можни работи кои се случуваат, всушност изгледа прилично жално гледано од страна. Да се живее животот со полно срце и да се споделат личните интереси со возбуда и страст е неверојатно. Можеби сакате да готвите, да читате книги или да планинарите, па споделете ги овие информации со партнерот без трошка срам.

Добро друштво

На крајот од денот важно е да имате некого кому му верувате и може да споделите чаша вино и искрен разговор. Некој(а) покрај кого ќе ви биде пријатно. Воедно, девојката која е добро друштво, вообичаено има и едно такво покрај себе, односно има одлични пријатели и умее да се социјализира. Бидејќи што е човекот без пријатели?

Смисла за хумор

Бидејќи животот е прекраток за да се биде пресериозен. Бидејќи потајно (скоро) никој не ја надраснува фазата на големо дете. Бидеќи е добро одвреме-навреме да се однесуваш будалесто. Бидејќи смеењето е лек.

Талент и желба за готвење

Далеку од тоа да бидете професионалец, но секој посакува партнер кој знае да зготви барем неколку добри јадења. И не залудно, патот до срцето води преку стомакот. Не е важно да си совршен готвач, колку фактот дека се трудиш.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg