Зошто е тешко да имате добар однос со свекрвата?

Природно е жената да се бори за љубовта на нејзиниот маж, но штом врската прерасне во брак, борбата за неговата љубов главно се води со неговата мајка.

Zosto-e-tesko-da-imate-dobar-odnos-so-svekrvata-01

Истражувањата покажале дека мајките се многу позагржени кого нивниот син треба „да стапне на лудиот камен“, отколку кога тоа го прави ќерката.

Таа напнатост ја чувствуваат и новите сопруги, па се плашат дали нивните свекрви ќе им зборуваат лоши работи на синовите за нив или премногу ќе се мешаат во нивниот брак.

Во едно истражување учествувале 89 мајки кои ги откриле нивните најголеми грижи.

Најголемите стравови се дека синот после стапувањето во брак многу поретко ќе ги посетува и ќе се промени под влијание на неговата сопруга.

Чувството на конкуренција меѓу снаите и свекрвите го објаснува фактот дека и двете жени се борат за вниманието и наклонетоста на мажот.

Прашањето кое неминовно се наметнува е - каде е мажот во целата приказна?

Истражувањата покажале дека кога ќе дојде до кавга помеѓу неговата мајка и неговата сопруга машкиот инстинкт говори дека е време да се „сокрие“ некаде, иако би требало тој да е оној кој ќе се обиде да ги смири страстите и да ја стави сопругата на прво место.

Од друга страна на жените им се советува дека треба да ги минимизираат негативните сеќавања и да ја вклучат свекрвата во семејните настани. Тоа најдобро може да го постигнат доколку често организираат семејни вечери или ѝ праќаат фотографии од внуците.

Слични резултати биле добиени и при едно истражување спроведено на универзитетот Кембриџ, кое покажало дека 60% од жените чувствуваат напнатост во односот со свекрвата, додека само 15% од мажите чувствуваат го чувствуваат истото кога е нивната тешта во прашање.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg