Факти за флертувањето кои треба да ги знаат и оние во брак
Има ли нешто пострашно од разговорот со личноста која ви се допаѓа? Ќе најдете ли заедничка тема на разговор или целосно ќе се посрамотите?
Научниците откриле дека луѓето флертуваат заради шест главни причини:
1. Секс: обид да одведете некого во кревет
2. Забава: еден вид спорт
3. Истражување: обид да се види како изгледа да се биде во врска
4. Поврзување: обид за постигнување поголема интимност
5. Самодоверба: подигнување на самодовербата
6. Корист: инструмент да добиете нешто од некого
Бројот на испитаници изнесувал 101 жена и 99 мажи.
Кај мажите доминирал сексуалниот мотив, додека кај жените мотивот за подобрување на поврзаноста и зголемување на интимноста.
Главните заклучоци кои произлегле од истражувањето се следните:
1. Флертот е добар дури и за луѓето кои се во врска. Нежното шепотење на увото на партнерот е одличен начин да ја разгорите страста кај партнерот и да ја подобрите вашата интимност.
2. Луѓето чувствуваат поголема поврзаност кога разговараат за поинтимни теми, отколку кога зборуваат за тривијални работи како омилениот филм или омилената песна.
3. Мажите многу почесто ја преценуваат нивната привлечност кај жените и спротивно. Односно, кажано на едноставен начин, мажите често мислат дека им се многу попривлечни на жените од што навистина им се, а жените често недоволно ја забележуваат заинтересираноста кај мажите.
4. Среќата е најпривлечната карактеристика кај жените, но се наоѓа меѓу последните кај мажите. Гордоста пак, е она кое најмногу ги привлекува жените, а обратното важи кај мажите.
5. Допирот има магична способност. „Ненамерното“ кратко доприрање на раката може да ви донесе многу поени во обидот да освоите некого. Секако, во тоа мажите се многу поуспешни за разлика од жените.
6. Флертувањето е нешто кое ја зголемува атрактивноста, бидејќи колку повеќе внимание добивате толку поголема станува вашата самодоверба, а со тоа и атрактивноста.
7. Дури и времето има влијание на привлечноста. Во едно истражување, во кое момче се додворувало на девојки барајќи го нивниот број, во деновите кога времето било сончево, листата со телефонски броеви била многу поголема.
8. Без оглед на тоа дали сте најубавата девојка во просторијата, мажите секогаш ќе отидат кај таа која слатко се насмевнува и остварува контакт со очите, и покрај тоа што таа не е толку убава.
9. Контактот со очите има огромна моќ. Гледањето очи во очи неколку минути, кај луѓето развива чувство на поврзаност и интимност, повеќе од која било друга активност.
М. С. | Црнобело