Како до подобра ерекција?
Некогаш едноставно не сака. Или не не слуша воопшто, или се инати. Малку сака, потоа пак не сака, повеќе е мек отколку тврд. Но, на ерекцијата може...
...и тоа како да влијаете.
Што треба да превземете?
1. Јадете капини. Тие се м ногу моќно оружје за ерекција. Најлесно е да ги консумирате за појадок како мармалад или џем од капини.
Ова овошје содржи антиоксиданси кои го штитат нашето тело од слободни радикали. Крвотокот се забрзува, што е важно за добра ерекција.
2. Престанете да пушите! Го зголемува ризикот од затнати артерии за 50% повеќе што води до проблеми со ерекцијата.
3. Бидете опуштени. Одморот не е важен само за психичкото здравје, туку и за вашиот сексуален живот. Немојте постојано да бидете 100 на саат. Опуштете се.
4. 'Рчење. Ова е знак за можни проблеми со ерекцијата. Пробајте да спиете помирно и ослободете се од дишните проблеми.
5. Навалете на чоколадо. 45 грама дневно темно чоколадо го подобруваат дотокот на крв во пенисот.
6. Внимавајте на килограмите. Дебелината смета при сексот - го намалува нивото на тестостерон.
7. Вежби за ерекција. Најдобра вежба е стегање на мускулите кои ги користите за контрола на уринирањето. Стискајте ги 18 пати мускулите по 10 минути.