Најубавата порака за годишнината од бракот која една жена може да ја посака
Свесниот избор на доживотна моногамија може да стане неверојатно тежок кога помислата за стапување во брак ќе започне да добива поконкретен облик.
Ветувањето „додека смртта не нè раздели“ често е извор на паника, премислување и клаустрофобија, одложувајќи го колку што е можно повеќе овој важен чекор.
„Секое утро ќе се будам со истата личност до мене, ќе ги споделува моите искуства со истата жена и истиот маж, засекогаш“ – веројатно ова се мислите кои му поминуваат низ глава на секој човек додека чекори кон олтарот.
Сепак писателот Дејл Партриџ, всушност, вели дека оваа претпоставката е сосема погрешна.
Во моментот коа ѝ кажувате „ДА“ на жената пред вас вие всушност не избирате „само една жена“, туку ги избирате сите неверојатни верзии на таа жена кои ќе имате можност да ги запознаете и засакате во текот на годините пред вас.
Дејл сево ова го објаснува во својата објава на Фејсбук кој за само една недела собра над 650 илјади лајкови.
Неговата објава е по повод 7-годишнината од бракот со неговата сопруга: девојката во која се вљубил на 19 години и жената која таа станала низ годините.
Пораката која тој ја напишал гласи:
„Мажите се толку многу загрижени дека бракот ќе ги остави со ’само една жена‘ до крајот на нивните животи. Тоа едноставно не е вистина.
Јас се заљубив во 19-годишна девојка која се искачуваше по карпи, се оженив за 20-годишна девојка која обожаваше животни, основав семејство со 24-годишна мајка, потоа изградив фарма со 25-годишна домаќинка, а денес сум оженет со 27-годишна жена полна со мудрост.
Ако вашиот ум е здрав никогаш нема да ви здосади од таа ’една жена‘. Вие всушност ќе бидете воодушевени со колку многу убави нејзини верзии ќе стапите во брак во текот на годините.
Не велете му ’не‘ на бракот, кажете му ’да‘ и продолжете да му кажувате ’да‘ сè до денот на вашата смрт.“
М. С. | Црнобело