5 работи кои треба да ве утешат после секое болно раскинување

Раскинувањата никогаш не се пријатни. Дури и кога одлуката за разделба е заедничка, сепак не можете да не почувствувате бран од емоции кои ве тераат да се сокриете во еден агол и добро да се исплачете во самотија.

5-raboti-koi-treba-da-ve-utesat-posle-sekoe-bolno-raskinuvanje-01.jpg

Понекогаш љубовта како да испарила, а понекогаш таа сè уште бурно пулсира помеѓу двајцата партнери. Но, дали љубовта е доволна?

На крајот останува прашањето дали останувате заедно со надеж дека секое растурено делче ќе си го пронајде патот до сложувалката или вашите патишта се разминуваат?

Похрабрите пресекуваат, понеодлучните ја пролонгираат агонијата и болката, но исходот од двете ситуации е неминовно ист – раскинување.

Ова се 5 реални нешта кои треба да ви влеат малку утеха и надеж после скеое болно раскинување:

Времето не ја лекува секоја болка

И покрај општото убедување дека времето е најдобриот крадец на спомените и ја лечи секоја рана, во исклучителни случаи времето не може да ја излекува секоја љубовна болка.

Лудо е да се убедувате дека тагата од раскинувањето ќе ја избрише трагата на времето.

Колку време ќе биде потребно ако му се препуштите само на времето? 6 месеци, 5 или 10 години?

Не можете да легнете и да боледувате во депресија и меланхолија со години, оставајќи му на времето се да погрижи за вас. Вие ќе се погрижите за себе.

Ќе ги пренасочите мислите на нешто друго, работа, излегување и дружба, некое ново хоби, повеќе физичка активност, повеќе храброст за состаноци „на слепо“...

Вие ја лекувате својата болка, не времето.

Љубовта не е секогаш доволна

Романтичните филмови и новели нè убедија дека доколку има љубов, има сè! Но, реалниот живот е поинаков од оној во книжните страници и филмското платно.

Љубовта не е доволна за надминување на некои основни фундаментални разлики, како на пример – желбата да се има или нема деца. Да, во прв момент може да се залажете дека љубовта ќе го надмине проблемот и да направите компромис, но порано или подоцна, проблемот ќе исплива на површината со сета огорченост која едниот партнер ја потиснувал со години.

Или разликата во воспитувањето, трошењето и планирањето на буџетот и најгенерално – замислата за тоа како треба да изгледа една врска/брак.

Доколку не делите слична визија за вашата иднина, таа нема да се оствари, макар ја делеле сета љубов на светот.

Тагувајте, но не премногу долго

Дадете си време да се соземете и да одболедувате, народски кажано. Кога сте тажни, бидете тажни и прифатете ги своите чувства. Не постои магичен лек против тагата и љубовната срцеболка.

Постои одреден период во кој не ви се прави ништо и кај многумина се манисфестира различно, со неизлегување, прејадување со храна или воопшто нејадење. Болката ве прави тапи и непристапни, и тоа е сосема во ред, сè додека има ограничен рок на употреба.

Дадете си одреден период за љубовно боледување, а потоа вратете му се на реалниот свет, како пеперутка која излегла од својот кожурец.

Не сте сами

Колку и да е лошо или болно раскинувањето, мора да запаметите дека не сте сами во својата мизерија. Тука се родителите, пријателите, поддршката од братучедите, па дури и колегите на работа или факултет.

И тие се подготвени да скокнат и да ве фатат со двете раце додека тонете. Сè што е потребно е да побарате малку помош и тие ќе дотрчаат.

Впрочем, никој не е скроен да биде сам во ниту една ситуација, особено кога се работи за крај на една љубов.

Нема гаранција дека љубовта од партнерот ќе трае вечно. Затоа може да бидете сигурни во љубовта од страна на родителите. Со нивната помош и онаа од пријателите, ќе пребродите сè.

Без оглед на сè, ништо не е губење време

Лесно е да каже како 5 години ви пропаднале во вода. Но, вистината е поинаква. Секоја личност носи (вообичаено) нешто ново и добро во вашиот живот.

Анализирајте добро какви придобивки имате поради вашиот поранешен партнер. Веројатно запознавте многу нови и добри луѓе, вашиот вкус за музика е поинаков и веројатно подобар, вашите социјални вештини се подобрени... и сето тоа е благодарение на поранешниот дечко/девојка.

Веројатно сте патувале некаде заедно, некаде каде што сами не би можеле да отидете и сте научиле барем 3 нови работи кои (ќе) ви користат во животот, без разлика дали е готвење или ефективно местење на креветот наутро.

Лесно е да се рече дека сте изгубиле време, вистината е дека сте побогати за многу искуства.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg