15 знаци дека сте емотивно зависни, а не вљубени
Ви се случило ли некогаш да се најдете во врска која на почетокот ви изгледа совршена, а за кратко подоцна да сфатите дека партнерот и не е баш таков како што сте го замислувале?
На почетокот од врската најчесто се концентрирате само на позитивните страни на партнерот, но со текот на времето, како што подобро го запознавате, забележувате многу ситници кои едноставно не можете да ги прифатите, но се обидувате да не ги забележувате бидејќи се чувствувате многу убаво покрај него.
Во ваквите врски, всушност ние не сме вистински заљубени во личноста до нас, туку потребно ни е одобрување од другата страна.
Врските од овој тип повеќе може да се класифицираат како врски на емоционална зависност, отколку врски со вистинска љубов.
Ако се препознаете во некоја од следните карактеристики, тогаш можеби треба одново да размислите за вашата врска.
1. Често сте љубоморни кога вашиот партнер поминува време со други луѓе.
2. Врската предизвикува вие или вашиот партнер да се повлече од дружењата и хобијата кои некогаш сте ги практикувале.
3. Посесивни сте и не верувате на маж/жена кој е околу вашиот партнер/ка. Постојано се плашите дека некој/а ќе го украде од вас.
4. Ги сменивте тимовите за кои навивате, нештата кои ги правите или политичките страни заради партнерот.
5. Кога партнерот не е до вас чувствувате празнина, осаменост, досада.
6. Потребно ви е постојано потсетување од партнерот дека ве сака.
7. Ги откажувате плановите со кои требало да поминете време со семејството или пријателите, за да бидете повеќе време со партнерот.
8. Постојано внимавате дали некој ќе му/ѝ додели комплимент.
9. Сакате да имате извесен степен на контрола над партнерот. Ако тој/таа не се согласува со тоа, се чувствувате вознемирено.
10. Одобрувањето од партнерот е поважно од вашето.
11. Верувате дека ако го изгубите партнерот нема да можете да продолжите со животот.
12. Вашиот партнер мора да исполни некои ваши очекувања. Ако не го направи тоа, се чувствувате несакано и тажно.
13. Го терате партнерот да прави или кажува работи кои не сака да ги прави.
14. Ако вашиот партнер не ве побара кога вие сметате дека треба, веднаш чувствувате напнатост и мислите дека врската е завршена.
15. Сопствената вредност ја перципирате согласно одобрувањето и вниманието кое го добивате од партнерот.
М. С. | Црнобело