23 потсетници дека си го преболела токсичниот партнер
На секого му треба малку волја и мотивација во животот, да направи промена, да заборави на старите токсични ситуации и луѓе и да започне да се концентрира на убави работи.
На секоја девојка и требаат овие 23 потсетници да знае дали навистина го преболела токсичниот партнер:
1. Се разбуди и тој не беше првата работа на која помисли кога стана. Всушност, не си помислила на него можеби некое време.
2. Го направи твојот омилен појадок и не помисли двапати дали некој нема да биде задоволен, важно ти беше само тебе да ти е вкусно.
3. Почна пак да си ја сакаш работата.
4. Имаш добра група на пријатели со кои можеш да испланираш нешто буквално секоја вечер од викендот.
5. Повторно почна да се чувствуваш добро. Добро во сопствената кожа, добро кога ќе се погледнеш во огледалото, добро кога си излезена.
6. Твоите денови се исполнети со себични прекрасни работи.
7. Ништо не те задржува повеќе. Ако сакаш нешто, тоа и го правиш.
8. Сега лежиш на средината на твојот кревет и конечно можеш повторно да го гушнеш јорганот.
9. Веќе постои дупка во твоите гради, туку се чувствуваш добро.
10. Уживаш, сама, во зајдисонцето и изгрејсонцето.
11. Не чувствуваш обврска да бидеш нешто што не си.
12. Си купи нова облека која само тебе ти се допаѓа, не мора и на другите.
13. Повторно сакаш внимание од спротивниот пол.
14. Не тагуваш над старите фотографии и спомени.
15. Се чувствуваш посилна. И навистина си посилна.
16. Сама можеш сè. Способна си и отпорна.
17. Не чувствуваш болка. Рано наутро, кога ќе се разбудиш си свежа и како нова.
18. Не ти е грижа што прави. Всушност, му посакуваш сè најдобро, каде и да е.
19. Најде утеха во самотијата и добро се чувствуваш.
20. Опколена си со нови можности, пријатели и сеќавања.
21. Самоуверена си.
22. Стана блиска со твоето семејство, повторно.
23. Заборави на огорченоста. И слободна си.
Н. Г. | Црнобело