8 нереални очекувања од врските кои ќе ве остават разочарани
Секој си ја замислува љубовта на свој начин и има различни очекувања од партнерот и љубовната врска.
Поентата, сепак не е да се намалат стандардите кои сме ги поставиле, туку едноставно очекувањата да се изедначат со реалноста, за да не бидеме непријатно изненадени и огорчени.
Ова се 8-те најчести нереални очекувања со кои се соочуваме во љубовта:
1. За секое добро нешто коe ќе го направите, тој ќе ви возврати со исто толку добар гест
Љубовта не секогаш има еднаква рамнотежа. Во одреден период може вие да се трудите повеќе, а некогаш тој. Како и да е, не можете да очекувате за секое едно нешто кое го правите, тој да паѓа во несвест.
Му направивте сендвич за појадок, тој нема да ви напише љубовна поема заради тоа. Престанете да очекувате чуда како благодарност и враќање на услугата во истата секудна.
2. Тој ќе се промени поради вас
Тој нема да се промени. И тоа е вистината. Вие можеби ќе успеете да извршите влијание врз неговите хигиенски навики или оние за јадење и собирање на валканите чорапи од подот, но неговите есенцијални карактерни црти, како интровертноста, смислата за хумор или песимизмот, се дел од него и навистина е себично и нереално да барате од некого целосно да се смени.
3. Ќе престане да се врти по згодни девојки
Ако вие се свртевте кон неа, зарем мислите дека тој нема да го направи истото? Не можете да очекувате дека тој нема да ја погледне преубавата девојка која ве одминала, бидејќи и вие веројатно загледувате згодни и убави мажи околу вас.
Нема никаков грев во гледање, сè додека не ве споредува со нив и е во границите на нормалата и добриот вкус на однесување.
4. Ако ме сака, ќе знае да ги прочита/предвиди моите мисли
Мажите и жените се скроени многу различно. Додека жените умеат да читаат меѓу редови и имаат поизразена интуиција, мажите се полежерни и сакаат јасно и гласно да им кажете што сакате и за што размислувате.
Тој нема телепатски способности, ниту стаклена топка за гледање на иднината. Нема да знае какви очекувања имате, додека самите не му кажете.
5. Машко е, мора да е ист како татко ми/брат ми/поранешниот
Точно, постојат одредени работи или стереотипи кои се типични за машкиот пол. Но, секој човек е индивидуа сама за себе. Доколку мислите дека е ист како друга одредена машка фигура во вашиот живот која ве разочарала, грешите.
Никогаш немојте да правите таква нереална споредба, бидејќи ќе останете со скршено срце.
6. Нема веќе магија во врската, мора да е готово
Никогаш не е сè подмачкано и розово во животот, па така и љубовта има свои подеми и падови. Во одреден период, страста може да залади, поради една или неколку причини. Но, тоа не е крајот на љубовта или врската.
Прифатете дека секоја врска има „ладен“ период и дека романтичната љубов можеби има рок на траење, но безусловната љубов е онаа која е вечна и за која вреди да се бориме.
7. Мора да се сложувате со неговиот најдобар другар или мајка му (и обратно)
Погрешно е да мислите дека ова е предуслов за среќа во љубовната врска или бракот. Никогаш не се оптоварувајте по ова прашање. Вие сте вљубени во него, го делите креветот со него и сакате да го поминете животот со него.
Во креветот нема место за неговиот најдобар другар или мајка му, ниту за оние од вашата страна.
Па, што ако не се согласувате најдобро со нив? Сè додека сте културни и коректни и го ставате приоритетот на вашиот однос, а не на другите, тие нема да ја поматат вашата љубовна среќа.
8. Ако ме сака, нема никогаш да ме повреди
Никогаш не вели никогаш. „Никогаш“ е навистина силен збор. Луѓето прават грешки, па и вие веројатно сте направиле неколку и сте повредиле некого, намерно или ненамерно.
Кога целосно се предавате некому, вие сте опуштени, па можно е да го навредите или повредите парнерот на некој начин. Нереално е да верувате дека љубовта е доволна за тој да не ве повреди никогаш во животот.
(О)Милена | Црнобело