9 навредливи работи кои не сака да ги слушне ниту еден маж
Честопати зборуваме за работите кои се непристојни да ѝ ги изговорите на една дама: бројот на нејзините години, килограмите или брачниот статус.
Мажите слично како и жените си имаат своја „Ахилова пета“ и не сакаат да слушнат одреден број прашања или коментари, од проста причина што ги доживуваат како навредливи.
Од нивното чувство за облекување и мода, до односот со неговата мајка и цифрата на неговата сметка во банка, ова се 9-те работи кои се апсолутно непосакувани да му ги кажете на партнерот, бидејќи со сигурност ќе предизвикаат кавга:
Ти си мамино синче!
Кажи ми повеќе работи за бившата, баш да слушнам што има повеќе од мене.
Погледни колку е згодна онаа девојка.
Ако јас не излегувам, нема ни ти.
Дебела сум?
Воопшто немаш поим што е модерно.
Како може толку да се нервираш за работа?
Никогаш нема да бидеш успешен.
Кога ќе почнеш да заработуваш повеќе пари?
Се согласувате или имате да додадете уште некоја?
(О)Милена | Црнобело