Како е да се биде во врска без врска?

Природата нè создала да бидеме подобри во пар. Генетски сме предодредени да функционираме подобро во заедница, отколку осамени.

kako-e-da-se-bide-vo-vrska-bez-vrska-1.jpg

Сепак, вистината е оваа:

Не секој пар е добар пар. Не секоја заедница е успешна и хармонична.

Некои љубовни врски – се брз врска. Наместо среќа, ни носат неизмерна тага и нервоза.

Наместо подобри, обликуваат полоши луѓе од нас.

Притисокот да се биде со некого во денешно време е огромен.

Изгледа дека сите се загрижени дали имате дечко или девојка – вашите родители, бабата и дедото кои постојано потпрашуваат кога ќе заиграат на свадба, дежурната комшика од трети која врти со очите кога се враќате во 2 по полноќ дома, онаа четврта братучетка на мајка ви која ја гледате само на свадби и несуптилно ве поздравува со: „Ајде и на твоја глава, време ти е“.

На сите овие муабети, додадете го притисокот дека вашите јајце-клетки полека изумираат, а според последните стандарди, вие со вашите 27 години сте класифицирани како стара родилка.

Или муабетот како квалитетот на сперматозоидите опаѓа со возраста и тие стануваат мрзливи пливачи.

Ако сте малку полабилна личност, лесно може да паднете во замката да бидете во врска, само за да не бидете сами.

Има ли полошо чувство да бидете со партнерот во истата соба, а да се чувствувате најосамено на светот? Да бидете неисполнети, а неговото присуство да го доживувате како товар, наместо како среќа?

Го броите ли партнерот како плус 1, само за да не мора да се појавувате некаде сами?

Го трпите ли по секоја цена, само за да ги замолчите туѓите усти и муабети?

Конечно, се плашите ли да бидете сами? Пострашно ли е да бидеш сингл или да си вечно заробен во фрустрирачка неквалитетна врска или брак?

На кого помисливте веднаш по земјотресот дали е добро? Кому му свртевте прво на телефон?

Кој прв ви заврте вам?

Доколку партнерот не бил вашиот прв повик, тоа е најдобриот доказ дека навистина не ви е дојдено до него и до врската – врз врска.

Вие сте подобри, заслужувате повеќе. Заслужувате среќа од која ќе ви трепери срцето и колената.

Заслужувате бескомпромисна љубов, онаа без која не се живее и имате чувство дека снемувате воздух ако вистинската личност не е до вас.

Заслужувате да сте прв повик на телефонот после земјотрес или каква и да е друга катастрофа.

И никакви други убедувања од околината не треба да ве разубедат во тоа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg