7 совети како да оставите добар прв впечаток
Кога со некого се запознаваме, потребни ни се само 7 секунди, за да одлучиме дали таа личност ќе ни се допадне или не.
Секако, ова е обострано, а секој сака да остави добар впечаток уште на прв поглед.
Тоа може да претставува голем притисок за сите оние кои се срамежливи, па затоа имајте ги во предвид овие 7 совети следниот пат кога ќе се запознавате со некој:
1. Очите зборуваат многу
Контактот со очите е универзален показател на доверба, отвореност и искреност. Но, за да не изгледате чудно што постојано го гледате соговорникот во очи, ограничете го тоа на 60% од времето на разговор.
2. Насмејте се и светот ќе ви се насмевне вам
Луѓето ги памтиме по тоа како тие направиле да се чувствуваме за време на запознавањето и по тоа што ни изгледа највпечатливо на нив на прв поглед, без разлика дали е позитивно или негативно. А, добро е познато дека најпривлечен додаток на лицето е насмевката, па затоа никогаш не ја заборавајте.
3. Првиот поздрав е најважен
Наједноставнато, а сепак најважното нешто за време на запознавањето е скромниот поздрав. Вложете малку напор уште на првото „Здраво“, бидејќи насмеана и ведра личност која весело се поздравува, веќе е на пола пат до постигнување на целта.
4. Зрачете со отвореност
Обидете се додека се запознавате со некого, да бидете слободни и опуштени, за соговорникот да може да препознае во вас отворена и самоуверена личност.
5. Ставот е исто така важен
Говорот на тело влијае многу на впечатокот што го оставате на прв поглед. Покажете интерес за личност која е наведната малку нанапред додека разговара со некого. Замислете дека тие две личности се единствени во просторијата, а вашата искреност сигурно ќе ве одведе кај нив.
6. Бидете позитивни
Позитивноста е заразна, а секако, сите повеќе сакаат да бидат покрај луѓе со оптимистичен став. Затоа, потрудете се да ги избегнувате негативните изјави.
7. Не се врти сѐ околу вас
Првата грешка што многу често сите ја правиме кога сме нервозни е тоа што зборуваме само за себе. Но, еден добар начин како веднаш да и се допаднете на личноста со којашто зборувате е да поставувате интересни прашања и добро да го ислушате нивниот одговор.
М. М. | Црнобело