По 58 години брак, животот и љубовната приказна ги завршиле држејќи се за рака
По 58 години брак, една двојка од Сан Антонио, Тексас заедно починала, држејќи се за раце до последниот заеднички момент.
Починале исто онака и како што живееле - еден покрај друг.
„Не ми се верува дека се случи ова, изгледа како некој филм на Николас Спаркс“ - вели нивната ќерка, Корина Мартинез.
Џорџ и Ора Ли Родригез се запознале во локална месара каде работел Џорџ, а заедно се уште од средно.
И двајцата имале деменција, а Џорџ неодамна имал и срцев удар.
Нивната приказна брзо се прошири откако на една фотографија се држат за раце - Џирџ починал во сон, а 3 часа по него и неговата сопруга.
„Ги ставивме во иста соба за да можат да бидат еден покрај друг, се држеа за раце до самиот крај“ - вели нивната ќерка.
Н. Г. | Црнобело