Првиот состанок низ машки очи: Што мисли, а што кажува?
Во принцип, мажите се искрени и директни суштества. Ако не се сложувате со тоа, или премногу размислувате или едноставно сте погодиле типови кои се тешки за да ги „прочитате“.
Но, сепак постојат мажи кои се срамат или им е непријатно да ги искажат своите мисли и кажуваат други нешта за да се спасат од тоа. Или, во краен случај само се обидуваат да бидат љубезни.
Еве како да дешифрирате што сака да ви каже на првиот состанок:
1. Тој вели: „Доцна ручав, па веројатно нема да јадам многу.“
Тој мисли: „Овој ресторан е поскап отколку што мислев, па затоа се надевам дека ако јас го прескокнам десертот и ти ќе го направиш истото.“
Ако спомне што нарачува или се пошегува повеќе од еднаш за да јадете и да избегате (или било каква шега поврзана со цените) тогаш тој не се шегува, туку се обидува да избегне да плати премногу.
2. Тој вели: „Јас сум претприемач.“
Тој мисли: „Живеам во мал стан и моментално сум невработен. Можеби имам продавано дрога, можеби и сега продавам дрога.“
Нема ништо лошо да живее во мал стан, но ако се опишува себеси како „претприемач“ без да го опише бизнисот, тогаш тој не прави ништо важно.
3. Тој вели: „Знаеш, вообичаено јадам здраво, но денес ми е слободен ден.“
Тој мисли: „Ова го велам секој ден.“
Тој ќе порача некоја нездрава храна како хамбургер или сладолед затоа што тоа му е во срцето. А, ако ја изговори оваа реченица, тогаш фатете му ги дланките во вашите, погледнете го во очите и кажете му „Биди она што си.“
4.Тој вели: „Не барам ништо сериозно“
Тој мисли: „Сакам само секс.“
Ова треба да биде директно, но честопати жените имаат тенденција да паѓаат во стапица од стилот „Ох, тој не сака врска, но јас ќе му го променам мислењето.“ Девојки, голема е веројатноста дека нема да се случи тоа, туку спротивното – ќе го избркате од вас. Одлучете дали би сакале нешто кежуал или да продолжите понатаму. И никако не се обвинувајте затоа што сакате различни нешта.
5. Тој вели: „Навистина сум изморен и утре ме чека голем ден.“
Тој мисли: „Време е да ставиме крај на ужасниов состанок“
Можно е да не ве лаже, но ако му беше забавно, тогаш уморот навистина немаше да го спречи. Изговорот е прифатлив ако неговиот „голем ден“ вклучува операција (правење или имање), важна презентација или нешто слично. Но, ако е петок вечер и тој е сериозен за овие негови големи планови, тогаш не очекувајте дека уште еднаш ќе чуете за него.
6. Тој вели: „Во последно време сум навистина зафатен.“
Тој мисли: „ Се надевам дека ти е во ред да се гледаме максимум еднаш месечно.“
Никој не сака да признае дека е дух кој едвај одржува врски со вообичаени очекувања. Но, ако постојано ви кажува колку му е стресна работата и колку часа работи, тогаш бидете спремни да поминете многу викенди без него.
7. Тој вели: „Сите бивши ми се ужас.“
Тој мисли: „Јас сум ужас.“
Да, можно е да му се допаѓаат жени кои се вистински психопати, но поголема е веројатноста дека тој е социопат кој ги полудува овие жени. Без разлика како гледате на ова, нешто навистина не е во ред со било кој од вас двајца и нештата ќе завршат прилично лошо. Подобро е да го прескокнете и да барате нешто подобро.
8. Тој вели: „Како тоа не си го гледала тој филм?! Го имам дома. Мора да го гледаме. Веднаш.“
Тој мисли: „Сакам да имам секс со тебе. Веднаш.“
Во било кој момент кога ќе ви рече „Ајде да одиме некаде.“ тоа е барање за секс. Ако го напуштите состанокот за да одите кај него дома, тоа е универзален код за дозвола за секс.
Без разлика дали има животно-загрозувачка алергиска реакција и ве моли да одите кај него за да се грижите за него, тој сака секс. Некогаш дури и тоа навистина да се случува, тој сака секс.
Ако не сте сигурни во неговите намери прашајте: „Навистина сакаш да се погрижам за тебе да не умреш или само сакаш секс?“.
9. Тој вели: „Прекрасно си поминав вчера, но во моментов не барам ништо сериозно.“
Тој мисли: „Си поминав ужасно вчера.“
Во ваквата ситуација, тој се обидува да биде фин. Тоа е сосема нормален начин да ви каже дека немало искри меѓу вас. Не претерувајте со мислење, оставете неговото срце да го води, а и вашето да ве води вам.
10. Тој вели: „Навистина е ладно/топло/ветровито... *било што поврзано со временската прогноза*“
Тој мисли: „Не знам што да кажам, те молам помогни ми.“
... И се надева дека вие знаете добри и интересни теми за разговор.
С. С. | Црнобело