Жежок петок: Секс пози кои се подобри со врзани очи
Сексот и превезите за очи се надополнуваат како лава колачот и топката сладолед во познатата топло-ладно комбинација.
Самото негово носење прави да се чувствате секси и заводливо (само помислете на Ким Бесинџер во „9 ½ недели“ или грчењето на Анастасија Стил во „50 нијанси на сиво“).
Покрај тоа, превезот може да биде многу корисен метод за надминување на срамот од сопственото тело или срамежливоста, или едноставно помошно средство кое ќе го направи сексот уште повозбудлив.
Според зборовите на Џесика О’Рајли, автор на книгата „The New Sex Bible“, лишувањето од едно сетило, само го засилува интензитетот на другите сетила, што прави секој допир и шепот да биде многу повозбудлив.
Погледнете ги следните пози за инспирација и препуштете и се на фантазијата.
1. Приватен танц
Тој седи на креветот или на столче со врзани очи а таа стои пред него и полека се спушта надолу така што ја има целата контрола врз ситуацијата.
2. Рокенрол
И двајцата партнери имаат превези на очите. Тој седи на креветот, со благо свиткани колена, а таа е врз него со лицето свртено кон него.
3. Поделба на бамбус
И во оваа поза двата партнера имаат превези. Тој е на колена, додека таа ја става едната нога врз неговото рамо а другата ја истегнува во страна.
4. Х точки
Нека вашиот партнер легне на грб на креветот. Ставете му го превезот преку очите, започнете со бакнување по целото тело и завршете со орален секс. Зачинете ја позата со секс играчки, храна, мраз...
М. С. | Црнобело