Митот е скршен: Повеќе партнери не значи и повеќе шанси за развод
Досега беше познато дека жена ако има повеќе партнери пред брак, тогаш бракот има големи шанси да не успее. Но, очигледно нештата се променети...
Според едно истражување поврзано со сексуалноста на луѓето, жените кои имаат пристоен број на секс партнери пред брак имаат поголеми шанси да не се разведат.
Според податоците, жените кои имале само 2 партнери пред брак имаат поголеми шанси да се разведат за разлика од жените кои имале 3-9 партнери.
„Ако веќе го споредувате (идниот) маж, тогаш најдобро е тоа да биде со повеќе од 1.“ – вели авторот на истражувањето, Николас Волфингер, професор на Универзитетот во Јута.
Истражувањето исто открива дека жените кои се венчале помеѓу 2002-та и 2013-та година имаат многу поголемо сексуално искуство пред брак отколку жените од претходните декади.
„Навистина е мал процентот на милениумци кои имаат помал број на сексуални партнери за разлика од луѓето родени во `50-те и `60-те.
Јавните перцепции ја нагласуваат убавината на развратот и денешните млади имаат подолги сексуални биографии во однос на оние од `50-те.
Сепак, младите претеруваат со сексот поради медиумите и понекогаш поради самите луѓе. Но, ова претерување на денешната секс култура можеби навистина го променува однесувањето на луѓето кон подобро.
Долго време сексот се сметаше за табу, а сите овие податоци се само доказ дека младите луѓе се прилагодија на идејата за секс надвор од сериозна врска.“ – вели Волфингер.
Ама пред да се израдувате на социјалниот напредок, треба да знаете дека не е сѐ така розово. Иако 3-9 партнери пред брак е добро, повеќе од 10 партнери ги зголемува шансите за развод за 33%.
„Можеби не е неочекувано дека ако сте имале повеќе партнери зголемени се шансите за развод.
Големото изненадување е дека ова е вистинито само во последно време, порано, жените со 2 партнери пред брак имале најголеми шанси за развод.“ – тврди Волфингер.
С. С. | Црнобело