Најсилните љубовни врски бараат едниот да биде рационален, а другиот емоционален

Различни типови на луѓе различно реагираат на една иста ситуација. Ова посебно важи за оние тешките ситуации со кои се соочуваме во животот.

najsilnite-ljubovni-vrski-baraat-edniot-da-bide-racionalen-a-drugiot-emocionalen-01.jpg

Постои верување меѓу одредени луѓе дека паровите кои не се усогласени во однесувањето, ставовите и сфаќањата полесно можат да се соочат со тешкотиите отколку оние со исти или слични сфаќања.

Па останува прашањето, кои се најсилните парови?

Луѓето се непредвидливи. Се обидувате да ги разберете, да ги погодите нивните емоции и да го направите она што мислите дека е најдобро за нив, но можете да погрешите.

Во секој случај, тоа не значи дека треба да се откажете од обидите да ги разберете.

Како можете да го направите тоа?

Треба да имате одредено познавање на основните психолошки поделби.

Така, според индикаторот кој се нарекува Мајерс-Бригс, луѓето можат да се поделат во две основни групи:

Мислители – оние кои донесуваат заклучоци на основа на логика и објективна вистина и интуитивци – оние кои се потпираат на сопствените емоции при заклучувањето и на својата интуиција.

Ако се вратиме на горенаведеното тврдење, дека најдобрите парови се оние кои се различни во сфаќањата и ставовите, тоа значи, дека најдобар пар се оној кој е составен од мислител и интуитивец.

Но, не постојат така совршени комбинации. Од друга страна, понекогаш подобро е да се разберете со некој кој има слични ставови со вашите односно, понекогаш многу подобро функционираат и двајца кои се во врска и се мислители.

Не постојат одредени закони, но во секој случај треба да се има предвид дека:

1. Мислителите се потпираат на факти, а интитивците на сопствените емоции

Уште на самиот почеток на врската, мислителот ќе процени, на основа на факти, дали треба да биде во врска со една личност, а интуитивецот ќе се потпре на сопствените емоции.

2. Мислителите ги забележуваат надворешните сигнали ако нешто не е во ред, а интитивците однатре знаат дека нешто не е во ред

Мислителот на основа на силни докази ќе потврди дека нешто не е во ред во врската, а интуитивецот ќе се потпре на емоциите, говорот на телото и звукот на гласот на другата личност.

3. Мислителите прво гледаат што не е во ред, а интутивците го бараат доброто

Секој пар, порано или подоцна, мора да се соочи со тешкотии, но зависно од тоа дали сте мислител или интуитивец, различно ќе гледате на проблемите.

Мислителот, кога нешто не е во ред, ќе ги анализира проблемите, ќе гледа што не е во ред со врската, а интуитивецот ќе се обиде да го извлече најдоброто од проблемот, да согледа зошто и понатаму треба со другата личност да функционира како пар.

4. Конфликтот за мислителите е природна работа, а интуитивците на него гледаат како на катастрофа

Мислителот гледа на конфликтот како на проблем кој мора да се реши, а секоја расправија, за интуитивецот е катастрофа од која треба да избега.

5. Мислителите решаваат проблеми, а интуитивците чекаат на мислителите да ги решат

Мислителите кога ќе наидат на конфликт ќе гледаат што е можно побргу да најдат решение за истиот, а интуитивците ќе чекаат додека проблемот не се реши сам или барем додека не исчезнат негативните емоции.

6. Мислителите сакаат да бидат главни, а интуитивците само сакаат да бидат сакани

Мислителот е подготвен да биде одговорен во врската, а за интуитивецот ако не добива љубов и внимание се чувствува изгубено.

7. Мислителите сакаат да знаат зошто нешто се случува, а интуитивците сакаат да знаат што се случува внатре во нив

Кога еден пар ќе наиде на конфликт, мислителот сака веднаш да го реши, да ги отвори сите карти на масата и што е можно побрзо да дојде до јасни и потврдени факти за решавање на проблемот.

Интуитивецот се прашува што не е во ред со него и како може да се подобри за да ја поправи ситуацијата.

8. Мислителите се во потрага по вистината, интуитивците се подготвени да признаат дека не биле во право само за да се реши проблемот

Мислителот сака само да дојде до вистината, ако знае дека не е во право, отворено ќе го признае тоа.

Интуитивецот не секогаш сака да ја знае вистината и подготвен е да попушти ако смета дека тоа е потребно за да се реши проблемот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg