Природна контрацепција
Природните методи се најмалку веродостојни методи за контрацепција. Ние не препорачуваме да ги користите меѓутоа сепак убаво е да бидете...
...запознаени и со овие начини за заштита од бременост.
1. Извлекување на половиот орган пред ејакулација.
Ова е и најстар природен метод на контрацепција. Се смета дека е мошне несигурна бидејќи до испуштање сперматозоиди може да дојде и пред оргазмот бидејќи голем број мажи не можат во потполност да ја контролираат ејакулацијата.
2. Периодот на овулација.
Овулацијата кај девојките доаѓа 14 дена пред менструацијата. Ова важи за плоден период. Сепак, нашето тело не е робот така што и мала хормонска нерамнотежа, која може да биде предизвикана и од мал стрес, може да го помести овулацискиот циклус. Исто така – уште еден несигурен метод за контрацепција.
3. Мерење на температурата.
Оваа метода за одредување на периодот на овулација се користи со секојдневно мерење на телесната температурата наутро. Во првата половина на циклуст е под 37 °C.
Приближно 2 дена по овулацијата се покачува за 0.2 до 0.4°C и така останува до втората половина на циклусот. Покачената температура е последица на хормонот прогестерон.
Кога ви е покачена температурата тогаш станува збор за вашите плодни денови. Сепак оваа метода и со редовно следење може да погреши. Температурата се покачува и под влијание на други фактори како мала настинка, несоница, умор и слично.
Затоа најпаметно да си користите заштита.