Индикатори: Предолго сте сами

И мажите за време на својот 'соло' живот развиваат одредени навики, кои, повеќето од женските не би ги класифицирале како добри или посакувани.

 

Ако се земе дека поголемиот дел од слободното време го поминуваат сами по дома и веќе заборавиле како изгледа добар состанок, не ни чуди што слободното време го пополнуваат со различни други активности.

Конкретно, повеќето стануваат мрзливи и пасивни. Внимателно прочитајте го следниот текст – доколку се пронајдете во некоја точка – крајно време е да почнете да  барате девојка.

1. Ви се чини ли дека ги одбивате сите жени?indikatori-predolgo-ste-sami-1

Додека сте излезени, ви се насмевнува некоја убава девојка; вие, наместо да се чувствувате добро, мислите дека ви се потсмевнува. Тоа што сте подолго време сами, може негативно да влијае врз вашата самодоверба, а тоа најчесто резултира со скоро па никакви контакти со нови, потенцијални девојки.

Понатаму, ниската самодоверба е целосно непривлечна – о, да, крајно време е да го прекинете овој маѓепсан круг!

2. Лоши прехрамбени навики?

Добро разгледајте ја својата кујна – доколку единствените намирници кои ги забележувате се инстант-направи-сам-за-10-минути „специјалитети“, нешто не е како што треба. Не само што овие „картон специјалитети“ не се најпожелни за вашето здравје и брзо ќе ви залепат некој вишок килограми, туку се и индикатор дека вие не би
можеле да припремите романтична вечера.

Затоа, секогаш имајте барем мала залиха на тестенини или ориз, и нешто за комбинирање, за да можете да подготвите
едноставна вечера за двајца. Имате и огромен избор на чекор-по-чекор готвачи, па би можеле девојката да ја освоите со своите готвачки способности.

3. Размислувате да купите мачка?

Нема ништо необично во тоа да сакате во вашиот соло (и осаменички) живот да внесете малку живост, и да чувате некое милениче. Мачките, можеби сепак не се најдобриот избор, зашто со нив лесно може да се случи целиот ден да го поминете пред телевизорот.

Затоа, можеби подобро решение би било куче (доколку имате услови), што би водело до тоа да мора да го носите на шетање, а со тоа би биле присилени да го напуштите станот. Поготово што ретко која девојка успеала да одолее на момци кои шетаат по некое слатко кутренце.

4. Ве болат прстите од џојстикот?

Мора да внимавате вашата забава да не прерасне во зависност. Освен рушењето на рекорди во плејстејшн, соло момците често знаат да западнат во замките на играњето игри на среќа, обложувањето на спортски натпревари или тренирање нешто (последново е убедливо најдобра опција). Проблемот со навиките, како што впрочем и самите си знаете, лежи во тоа што тешко се искоренува, а истите понатаму можат да влијаат на развојот на вашата врска, или, во најлош случај, да одбијат и некоја потенцијална девојка.

Девојките не сакаат да го делат своето момче со некоја-си-таму играчка конзола.

5. Барате совети од мама за вашите состаноци?

Не се сомневаме дека мама веќе одамна има визуелизирано цел албум на потенцијални кандидатки за вас. Па, доколку не сакате да почнете да го доживувате албумот од првата страна, и да морате на состанок со мустаклестата внука од братучетка на фризерката на мајка ви, засукајте ги ракавите, и преземете иницијатива.

Седнете ја мама на столче, и добро објаснете и` ги (или уште подобро: напишете и` ги) сите особини  и квалитети кои вашата идеална девојка би требало да ги поседува, и уживајте во задоволството со кое таа ќе навлезе во потрагата по вашата нова девојка.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg