Можеби анатомијата е виновна што не можете да постигнете оргазам
Иако сме 2016-та, женскиот оргазам сѐ уште претставува неразрешена мистерија. На мажите им е лесно, а тоа ја фрустрира секоја жена која незадоволно лежи во постелата додека до неа лежи задоволен маж кој тивко `рчи.
Во минатото, проблемите со постигање оргазам беа поврзани со многу нешта – недостаток на возбуденост, недоволно време поминато на предигра, невнимателен партнер и несоодветна големина не пенисот.
Но, истражувањата покажуваат дека овие фактори можат комплетно да немаат влијание врз оргазмот. Според нови докази, можеби е крива вашата анатомија – всушност, истражувачите на една студија тврдат дека можноста за оргазам за време на секс зависи комплетно на анатомскиот развој кој се случува кога уште сте во матката.
Проблемот се случува кога клиторисот започнува да се движи нагоре и подалеку од вагиналниот отвор. За жените чиј клиторис е премногу горе, оргазмот може да биде навистина тежок за постигнување, а во некои случаи дури и невозможен.
„Кривицата е во традиционалното водење љубов што не обезбедува доволно триење за стимулација на клиторисот.“ – вели др. Морин Велиан, експерт на американскиот колеџ за акушери и гинеколози, кој не бил вклучен во истражувањето, но правел ревизија на откритијата.
Елизабет Лојд, најдобриот студент во соработка со Kinsey Institute for Research in Sex, Gender and Reproduction на универзитетот Bloomington во Индијана вели дека големината на пенисот, вештините на партнерот, интензитетот на желбата „можеби имаат ефект, но во прашање е анатомската далечина која е клучен фактор.“
Без разлика дали ваквата информација прави да се чувствувате убаво (да, големината на пенисот на вашето момче е сосема ок) или лошо (тешко вас!) главно се е индивидуално, но Велиан тврди дека 70%-90% од жените се физички неспособни да постигнат оргазам само со пенетрација. Што значи дека тоа е навистина често – затоа наместо да глумите бидејќи мислите дека морате, пробајте некои техники кои ќе ви го олеснат постигнувањето оргазам.
С. С. | Црнобело